Времето денес променливо облачно, утре и во понеделник

Времето денес во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во крајните западни делови, а во источните делови ќе има и појава на краткотраен дожд.Наутро по котлините ќе има магла и намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец повеќе застапен во југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје слично време, изутрина магливо и тивко, преку денот променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.
За време на викендот на југоисток и понекаде и на повисоките места температурата ќе надминува 10 степени. Овие релативно високи дневни температури ќе се задржат до понеделник и ова ќе биде период на позначајно топење на снегот, а со тоа и нивото на водостојот во реките и езерата се очекува да се зголеми.
До понеделник наутро по котлините ќе има појава на магла и намалена видливост поради која понекаде дневните температури ќе останат пониски и тоа само до неколку степени над нулата. На повисоките места ќе биде по малку ветровито, но со покачени дневни температури.
Од понеделник попладне од југозапад ќе започнат врнежи од дожд кои преку ноќта ќе се прошират насекаде и ќе бидат поинтензивни во ноќта и во вторник претпладне. Од вторник попладне ќе започне да дува и северен ветер, а врнежите кои веќе ќе завршуваат на запад и на север ќе поминуваат во снег на повисоките места и на планините.Наутро по котлините ќе има магла и намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец повеќе застапен во југозападните делови.
Ут

Пронајдете не на следниве мрежи: