Времето денес студено и ветровито, а утре…

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, студено и ветровито, локално со провејување на слаб снег. Ќе дува силен северен ветер со брзина повремено и од околу 100 километар на час, кој особено ќе биде изразен на планините. Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до пет степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со силен северен ветер, а можно е да провејува и слаб снег. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до два степена.
И во четврток времето ќе биде променливо облачно, локално ќе провејува слаб снег и ќе дува силен северен ветер. Од петок следува разведрување и постепено стишување на ветерот. За време на викендот времето ќе биде сончево. На новогодишната ноќ ќе биде ведро, но многу студено со температура под минус 10 степени. Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од минус три до пет степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со си

Пронајдете не на следниве мрежи: