Времето денеска облачно и свежо

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. УВ=5 Т-мин. од 10 до 18 а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 21 до 28 степени.Скопје
Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни проследени со грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен претежно југозападен ветер. Т-рите од 17 / 26 степени.
Од вторник под влијание на посвежа воздушна маса од север времето ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северен правец, особено во вторник. Дневните температури ќе опаѓаат и во средината на наредната седмица ќе се движат од 16 до 22 степена.Скопје

Пронајдете не на следниве мрежи: