Врховниот суд соопшти дека не е надлежен за организација на судењето за „Дива населба“

Врховниот суд на Република Македонија соопшти дека не е надлежен за организација на судењето за предметот „Дива населба“.– Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на овој суд немаат никаква надлежност во однос на организацијата на судењето за предметот „Дива населба“ кое се одржува во свечената сала на судот. Салата е дадена на времено користење на Основниот суд Скопје 1 Скопје за период од шест месеци, со одлука на Владата на Република Македонија, се вели во денешното соопштение.
Од Врховен ги упатуват новинарите за сите прашања и нејаснотии да се обратат до Основниот суд Скопје 1 Скопје. Во соопштението се додава дека одобренијата за следење и снимање од страна на медиумите, кои ги дава овој суд, ќе важат и за идната главна расправа.
Од скопскиот Кривичен суд пак преку соопштение информираа дека  по добивањето на одлуката на Владата на РМ, Основниот суд Скопје 1 – Скопје веднаш ги побарал клучевите од судската сала од претседателот на Врховниот суд на РМ и на 27-ми овој месец во присуство на Комисија од Кривичниот суд, записнички било извршено примопредавање на судската сала. Салата била целосно подготвена, и од технички и од безбедносен аспект, но нејасно било зошто Врховниот суд не го испочитувал договореното.
Во салата на Врховниот суд денеска влегоа обвинетите и обвинителите во процесот, додека адвокатите и јавноста останаа надвор.– Врховниот суд на Република Македонија и судската полиција на овој суд немаат никаква надлежност во однос на организацијата на судењето за п

Пронајдете не на следниве мрежи: