Има знаци кои се создадени еден за друг но има и онакви чија врска ЕДНОСТАВНО НЕ УСПЕВА!Овните не си одговараат со Близнаци, Риби и Девица
Секогаш се отворени за нова љубов. Не сакаат да глумат и претерано да се жалат. Најлоша врска би имале со Риби кои според нив се премногу сентиментални, потоа со Близнаци со кои често се караат, но и со Девици кои за нив се премногу комплицирани.
Биковите лошо се согласуваат со Овен, Стрелец и Близнаци
Припадниците на овој знак се одлични кандидати за врска, но само покрај вистинскиот партнер. Ги одбиваат озборувачи и оние што премногу се мешаат во туѓ живот. Најлошо се согласуваат со Стрелци кои за нив се премногу независни. Лош избор се и Близнаците кои не се постојани, но и Овните со кои постојано се докажуваат и натпреваруваат.
За Близнаците не се добри Бикот, Ракот и Рибите
Брзо се заљубуваат но и многу брзо се одљубуваат. За Близнаците најлош партнер е Бикот кој никогаш нема доволно да го почитуваат. Лош спој се и со ракот кој за нив е многу стабилен и предвидлив. Но и со Рибите чија емотивност им пречи.
Ракот е лош спој со Овенот, Близнаци и Стрелец
Уживаат во љубовта и многу се емотивни. Раковите нема да се согласуваат со Стрелецот затоа што не сакаат несигурност, љубомора и кавги. Лош спој се и со Близнаци кои за нив се многу нестабилни и Овните кои се премногу ориентирани кон себе.
На Лавот не му одговараат Близнаците, Јарец и Риби
Сакаат сигурност во врската, сакат на партнерот да му се најважни на свет. Најлош спој се со Близнаците кои за нив се премногу изгубени во размислувањата, но и Рибите кои ќе ги повредат. Со Јарците не се согласуваат затоа што ќе се борат за доминантната улога.
За Девицата се лоши Овенот, Вагата и Водолијата
Сакаат сигурни партнери но тешко одлучуваат да се врзат. Со овните не функционираат затоа што тие сакаат да шефуваат како и со Вагата која не е способно да ја разбере критичноста на Девицата. Тешки љубовни ситуации ќе имаат и со Водолиите, со кои односот е секогаш турбулентен.
Вагите не си одговараат со Девиците, Скорпиите и Ракот
Многу се вознемируваат ако љубовта не им е соодветно возвратена, а најмногу ги нервираат партнери кои лажат. Вагите нема да се согласуваат со Девиците кои се премногу комплицирани, како и со Скорпиите кои се песимисти. Но и со Раковите затоа што според нив се премногу традиционални.
Скорпијата не се согласува со Овенот, Стрелецот и Близнаците
Припадниците на овој знак во себе носат вистинска страст кон животот. Ги одбиваат агресивни личности. Не се согласуваат со Овните со кои го делат темпераментот па тоа ќе предизвика многу кавги. Ништо подобро не е ни со Близнаците кои ја поттикнуваат нивната љубомора како ни со Стрелците со кои чувствуваат несигурност.
За Стрелците најлош спој е Бик, Рак и Девица
Ги одбиваат луѓе кои се склони кон меланхолија. Никако не им оди со Биковите кои се премногу посесивни, како и со Раковите на кои им недостига спонтаност. Ништо подобро и со Девиците кои постојано ќе ги критикуваат.
Јарците не си одговараат со Овен, Близнаци и Стрелец
Припадниците на овој знак кажуваат дека љубовта не им е важно но така само се бранат. Лоша комбинација е Овенот за кој мислат дека е нетрпелив, како и Близнаците. Со Стрелците лошо им оди затоа што се целосно спротивни.
На Водолиите не им одговара Бикот, Ракот и Девицата
Не им е проблем да се заљубат проблем им е да функционираат како пар а истовремено да не ја загубат својата слобода и можност за избор. Ги одбиваат луѓе без морал. Најлоша комбинација е Бикот, затоа што не може да му ја пружат стабилноста која тој ја бара. Ништо подобро не е со Ракот кој им е досаден, како ни со Девицата која постојано сака да ги донесе во ред.
Рибите најлошо се сложуваат со Овен, Лав и Близнаци
Припадниците на овој знак бараат партнер со кој ќе имаат љубов од соништата. Лоша комбинација е Овенот кој е многу агресивен и нетактичен, како и Близнаците кои немаат доволно разбирање за другите. Нема да се согласуваат ни со Лавот кој ќе манипулира со нив. Овните не си одговараат со Близнаци, Риби и Девица
Секогаш се отворени за нова љубов. Не сакаат да глумат и претерано да с