Последната четврта мерка за денес е ангажман на врвни тренери од странство во спортските академии каде се градат младите и идни врвни спортисти. Планот е да се донесат докажани успешни тренери од странство во спортските академии, да помогнат во градењето на новите фудбалери, кошаркари, ракометари, тенисери, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање при промоцијата на нопви четири мерки од областа на спортот.– Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија. И оваа мерка ќе почне да се применува дел по дел од година во година, почнувајки од септември 2017та во соработка со спортската академија и федерациите. За следната година веќе се обезбедени пари во буџетот предложен од МФ, за ангажман на првиот тренер со поголеми меѓународни успеси кој на постојана основа ќе биде ангажиран со договор и ќе работи во фудбалската академија во Скопје, рече Груевски.
Од 2018-та, нагласи тој ќе се продолжи со ангажман на други вакви тренери и во други спортови и во спортските академиите различни градови.
-Ова се дел од плановите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за директна подршка на спортот и спортистите, клубовите, федерациите во Македонија, со сите можни заштитни механизми од можни злоупотреби. Како што кажав на почетокот во периодот што следи ќе бидеме отворени за сугестии и насоки од спортистите, федерациите, и спортските работници, и други професионални познавачи на спортот кои ќе придонесат за носење на квалитетни решенија за напредок во спортот. Цврсто сум убеден во потенцијлот на македонските спортисти, но и во желбата и мотивираноста за успех. Наша обврска е подеднакво да се грижиме за сите сфери што се интерес на македонскиот граѓанин, а спортот е многу повеќе од обична игра. Тој е втемелувач на карактерот на човекот, колективно задоволство а многу често и амбасадор на државата. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да гради и создава услови за развој. Граѓаните тоа го препознаваат,и знаат дека ние тоа што ќе го ветиме, ќе го оствариме, заклучи Груевски.– Планот е овие тренери да се со поголеми успеси како тренери во нивната тренерска кариера, подобри од било кој тренер во Македонија. И оваа