Врвниот модел од гамата на Škoda сеопфатно надграден: новите Škoda Superb и Superb Combi

> Знаменосецот на гамата на ŠKODA обемно надграден
> Škoda Superb има атрактивни елементи од новиот ŠKODA дизајн, нов свеж ентериер, помала потрошувачка на гориво и чадор во внатрешноста на вратата> Моделската офанзива на ŠKODA продолжува: осум нови или освежени возила во 2013 годинаНовиот Superb и новиот Superb Combi се појавуваат со својот нов, привлечен дизајн, голема просторност, освежен ентериер, намалена потрошувачка на гориво и нови иновативни карактеристики. “Ова сеопфатно освежување на Superb лимузина и Superb Combi ги направи моделите уште попривлечни. ŠKODA Superb поставува стандарди во својот сегмент. Тоа значи многу простор, извонредна функционалност, со голема удобност, високо ниво на безбедност , непобедлив сооднос цена квалитет и безвременска елеганција.
„Ние секогаш им нудиме на нашите клиенти нешто повеќе од екстра автомобил. Со новите атрактивни модели, убедени сме дека и оваа година ќе го продолжиме позитивниот раст на нашиот бренд “, изјави извршниот директор на ŠKODA Винфрид Валанд.
Моделите на ŠKODA поатрактивни од било кога до сега
Сосема нови и редизајнирани модели, фантастични специјални верзии и дополнителни карактеристики на сегашната гама. Со сето ова Škoda навистина го забрзува темпото до крајот на 2013 година. Škoda Rapid Spaceback ги има сите предуслови за лансирање на пазарите, а се прават и првите нарачки за новиот  Škoda Yeti, кој ќе се појави во продажбата на почетокот од 2014 година.
Дополнително, во Citigo , Fabia, Roomster, Rapid и Octavia вградени се сите функционални иновации.
ŠKODA смело ја продолжува својата моделска офанзива во 2013 година. Овој месец новиот сеопфатно надградениот модел Škoda Superb пристигна во Македонија. Лансирање на дури осум нови или редизајнирани модели од брендот во 2013 година. До 2018 година, компанијата планира да ја зголеми својата продажба во светски рамки и да ја достигне бројката од 1,5 милиони возила годишно.
“2013 година е целосно посветена на моделската офанзива “, изјави  извршниот директор на ŠKODA Винфрид Валанд.”Ние никогаш до сега немаме лансирано осум ŠKODA модели во една година. “.

 
Škoda на ТЕХНОМА 2013
– Подгответе се за најекономичното и најеколошкото возење досега
– Повторно „Едноставно Паметни“ решенија од Škoda
Покрај тоа што Škoda Octavia е најекономичниот модел во класата, на 39-тото издание на меѓународниот сaeм нa мeтaлургиja, електроника, енергетика, нeмeтaли, грaдeжништвo, обезбедување и заштита, брендот во соработка со „Плимонт“ ја претстави можноста за дополнителна заштеда.
Не пропуштајте ја можноста да возите ŠKODA Octavia 1.2 TSI со вграден плински уред кој ќе ви овозможи да заштедите со секој поминат километар. Со ŠKODA Octavia поминете 100 километри за само 270 денари и станете пријател на природата, затоа што овој автомобил значително го намалува загадувањето на животната околина!
Европскиот шампион Копецки ја оствари шестата победа оваа сезона за Škoda
> Копецки: „викенд од соништата” > Škoda и дуото Копецки / Дреслер се најдоа осум пати на подиумот од вкупно осум ERC трки
> Следен предизвик е финалната трка од чешкиот рели шампионат
Европскиот шампион од тимот на Škoda, Јан Копецки,  додаде уште една голема победа на неговиот Superb рекорд. Триумф на 40-тото рели во Хрватска, Пореч. Заедно со со- возачот Павел Дреслер, исклучително талентираниот возач ја оствари својата шеста победа оваа сезона на Европскиот рели шампионат (ERC). Со тоа Škoda Motorsport имаше две причини за да прославува во Пореч.
Tоа беше викенд од соништата за сите нас. Ние сме европски шампиони, а одличните резултати оваа сезона ги потврдивме со победа на релито во Хрватска. Не може подобро од ова “, изјави Копецки. Претпазлив на почеток, 31 годишниот возач го превзема водството уште на првиот ден од релито кое се возеше на лизгавиот асфалт долж јадранскиот брег, потоа едноставно одби да биде претекнат. “Ние бевме брзи и без да преземеме било какви непотребни ризици – повторно ја пронајдовме вистинската комбинација”, изјави со-возачот Павел Дреслер.
Дуото на Škoda се искачи на подиумот на сите осум трки кои се одржаа во 2013 година. Најголем успех за Копецки беше победата на домашното рели во Барум на почетокот од септември. Škoda заедно Копецки и Дреслер исто така триумфираше на ERC релито во Австрија, Канарските Острови, Азорските Острови, на релито во Романија и сега во Хрватска. После сите овие победи, Копецки беше на подиумите на сите трки без разлика на подлогата на која тие се одржуваа – од снег и мраз до чакал и асфалт. Копецки и Dresler веќе си ја обезбедија титулата и покрај тоа што остануваат уште две трки до крајот на европското првенство.Новиот Superb и новиот Superb Combi се појавуваат со својот нов, привлечен дизајн, голема просторност, освежен ентериер, намалена потрошувачка на г

Пронајдете не на следниве мрежи: