Продолжува партнерството на „Тиквеш“ со Струшките вечери на поезијата. На годинешното издание на една од најреномираните светски поетски манифестации, врвните македонски вина на „Тиквеш“ повторно се инспирација за поетите од целиот свет.Своите поетски импресии ги овековечија над 100 поети, запишувајќи дел од песните на етикетите од вината на „Тиквеш“, кои ќе останат како потсетник и сведоштво за уникатниот спој на литературната уметност и виното. Прво место на натпреварот „Тиквеш in vino veritas“, освои австралискиот поет со полско потекло, Алекс Сковрон.
„Врвните вина, како и поетските творби, се вистински уметнички креации во кои се вградени многу страст и емоции. Ние сме посебно горди што нашите вина се составен дел од Струшките вечери на поезијата. Со тоа авторите и љубителите на литературната уметност од целиот свет имаат можност да се уверат и посведочат дека македонските врвни вина се инспирација за врвна поезија“, вели генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски.
Ова не е првпат најпознатите светски поети да учствуваат во создавањето на автентичната македонска винска приказна. Имено, создавањето на најпознатиот македонски вински бренд – виното „Т’га за југ“, кореспондира со почетоците на Струшките вечери на поезијата.
Ова квалитетно црвено вино на „Тиквеш“ од сортата вранец, го добило своето име во далечната 1973-та година, од поетите кои ова вино со својот вкус, боја и арома ги асоцирало на Македонија и емоцииите и топлината на луѓето и земјата.
Затоа предложиле виното да се вика „Т’га за југ“, исто како и елегиската песна на Константин Миладинов, која е обележје на Струшките вечери на поезијата и со која се отвора и затвора оваа меѓународна поетска манифестација.Своите поетски импресии ги овековечија над 100 поети, запишувајќи дел од песните на етикетите од вината на „Тиквеш“, кои ќе останат как