Кортни Хенрикс (30) од Австралија по втор пат се бори со ракот. Направила листа на работи кои сака да ги направи и покрај болеста, а со семејството планира да замине на големо патување.Кортни минатата година го победила ракот на дојката. Овој Божиќ го поминала во најдобро расположение. Сопругот повторно ја запросил за оваа година да им биде „свеж почеток“ за нивната 6-годишна љубов.
За време на празниците почувствувала болка во градите, и по лекарските контроли било установено дека ракот се вратил и дека метастазирал на црниот дроб и градите.
Докторите ѝ соопштиле дека пациентите како нејзе имаат 22 проценти шанса да живеат пет години по дијагнозата на болеста, а нејзе ѝ рекле дека најверојатно ќе живее уште три.
Кога го дознала тоа, одлучила со децата Аили и синот Калеан, кој има 15 месеци да отиде на големо патување.
Составила листа со желби, на која се наоѓаат следните работи: посета на Лондон, посета на Ајфеловата кула, посета на Грција, Турција, прослава на Денот на благодарноста во САД каде што живее нејзиниот татко, пат во Ирска каде што живеела нејзината мајка која починала од рак на дојка, патување со балон, скокање со падобран.
Таа изјавила дека отсекогаш сакала да патува и оваа можност нема да ја пропушти.
„Знам дека звучи малку себично, но сакам моите деца да ме запомнат“, рекла таа.
Нејзиниот сопруг, за да и овозможи се што сака, ќе подигне кредит од 20.000 долари.Кортни минатата година го победила ракот на дојката. Овој Божиќ го поминала во најдобро расположение. Сопругот повторно ја запросил за оваа година



