Телекомуникацискиот оператор за двегодишнината од своето постоење на македонскиот пазар подготви подароци за сите нови корисници во продажните салони низ Македонија, како и низа поволности за постоечките кориснициПо повод втората година од своето постоење во Македонија, од денес, па сѐ до среда, 13.11.2013 г., „Близу“ ќе ги наградува сите нови корисници на кој било пакет со вредни изненадувања. Дополнително за своите корисници, „Близу“ ги овозможи сите канали од платформата Discovery, бесплатни CA Module за гледање на HD канали, и опција за плаќање преку веб страницата blizoo.mk.
„Ако минатата година беше година во која ги подигнавме границите на нашите очекувања и можности на овој пазар, оваа, втора година по ред, е година во која повторно ги поместивме истите. Освен тековните новости, како што се воведувањето најголем број на HD канали (14), ексклузивното воведување на целото портфолио на Discovery, најголемите интернет брзини понудени до резиденцијални корисници досега, отсега сите наши корисници ќе бидат во можност да си ги подмируваат своите сметки преку нашата веб страница, и тоа без никаква провизија. А новите корисници, пак, кои овие три дена ќе склучат договор со „Близу“, ќе добијат подарок изненадување“ изјави Искра Секуловска, маркетинг директор на „Близу“ во Македонија.
Од операторот изјавија дека покрај роденденските изненадувања, тековните промоции на пакетите со три услуги, како и промоциите при онлајн купување остануваат активни за сите нови корисници.По повод втората година од своето постоење во Македонија, од денес, па сѐ до среда, 13.11.2013 г., „Близу“