Втората по ред меѓународна научна конференција „Истражување на физичкото образование, спортот и здравјето“ денеска се одржа во Скопје. Експерти од 14 европски држави ги презентираа своите научни трудови и ги пренесоа своите искуства за значењето на спортот и неговата улога во образовниот систем.На конференцијата се расправаше и за педагошките аспекти на физичкото образование, морфофункционалните промени во модерното време, појавата на модерните болести поради недостаток на спорт, селекција во спортот и превенција на повреди.
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски истакна дека Р. Македонија има навистина со што да се пофали кога станува збор за спортот. Тој посочи дека со најновите реформи Македонија е лидер во регионот по бројот на часови по физичко воспитување кои се воведени во образовниот систем.
-Не станува збор само за имплементација на еден дополнителен час во настанува, туку станува збор за градење на нови генерации, на еден начин за прогресија во животниот стил, пред се од аспект на здравје, правилен раст и развој на учениците, рече Ристовски.
Посочи дека многу значајно за развојот на спортот е и формирањето на Спортската академија во која се опфаќаат сите спортски таленти и се работи на нивен развој и усовршување, формирањето на Институт за спорт и после 40 години изградба на нова зграда на Факултетот за физичко образование.
-Како министерство и Влада ќе продолжиме да го поддржува целокупниот развој на спортот, спортот во образованието, затоа што тоа има повеќедимензионален ефект, пред се од развој на квалитетно развивање на идните генерации и градење на професионални капацитети за репрезентациите на Р. Македонија, рече Ристовски.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски дополни дека дел од реформите кои се спроведуваат и проектите што се реализираат е и континуираното усовршување на наставниците по физичко образование во основните и средните училишта, но и изградбата на нова спортска инфраструктура во основното, средното и високото образование.
Реализирани се, рече тој, голем број инфраструктурни проекти преку изградба на осумдесетина спортски сали, шеесетина повеќенаменски спортски игралишта и осумдесетина теренски терени.
– Сето ова е во насока на подобрување на основата за да може да се изведува наставата по физичко образование, но и да се обезбедат максимални услови за нашите спортисти кои професионално се занимаваат со спорт, рече Спасески.
Вуица Живковиќ, декан на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје информира дека конференцијата се одржува втора година и изрази надеж дека таа ќе стане традиционална.
– Очекуваме да се отворат многу прашања, на некои од нив и да се дадат одговори и да се донесат заклучоци кои потоа се надевам ќе најдат имплементација во системот, рече Живковиќ.
Додаде дека акцентот на оваа меѓународна конференција е на педагошките аспекти на физичкото образование, морфофункционалните промени во модерното време, модерните болести од аспект на спортот на селекцијата во спортот, превенција на повреди.На конференцијата се расправаше и за педагошките аспекти на физичкото образование, морфофункционалните промени во модерното време, појавата на моде