Вториот научен труд за геоглифот во Овче Поле

По првиот научен труд со прелиминарните резултати од архео-акустичните неинвазивни мерења со мултидисциплинарни методи во Овче Поле, деновиве и официјално на Четвртата Виртуелна Меѓународна Конференција за Напредни Истражувања во Научните Области – ARSA 2014 во Словачка е објавен и вториот научен текст кој известува за специфичните феномени кои што беа регистрирани под големиот геоглифОвие научни трудови претставуваат ретка прилика за директно осознавање на резултатите кои што беа измерени од интернационалниот научен тим, предводен од професорот Паоло Дебертолис од Универзитетот во Трст, Италија. Останатите автори се Домагој Николиќ, Горан Марјановиќ, Нина Еарл, Хеики Саволаинен и Никола Ристевски. Официјалните архео-акустични мерења, поддржани од Министерството за Култура, Управата за заштита на културното наследство и локалната самоуправа беа извршени во март и јули минатата година. Деновиве се одржува научната конференција во Словачка, а од SB Research Group велат дека текстот бил оценет на високо ниво заради методологијата, содржаните информации и начинот на кој што е составен.

Се надеваме дека одговорните институции во Македонија ќе дозволат употреба на софистициран гео-радар за понатамошни истражувања, со што би се избегнале секакви шпекулации, а и би се пристапило кон отворањето на подземните комори со голема прецизност и стручност. За помалку од две години, преку овие научни трудови голем дел од балканската, но и европската и светска научна јавност дозна за мистичниот геоглиф во Овче Поле, а ова е ретка прилика за заинтересираните да можат да имаат увид во првите неинвазивни архео-акустични истражувања на територијата на Република Македонија, како и резултатите од истите. Тргнувајќи од хипотезата дека би било можно овде да е гробот на Александар Македонски или некој од неговите најблиски, научниците потврдуваат постоење на подземна комора под геоглифот, која делува како резонатор и ја рефлектира чистата енергија од околината. Ако се потсетиме дека и самиот симбол на геоглифот кореспондира како огледало со соѕвездието Касиопеја во определен период од годината, мистичното рефлектирање предизвикува многу размисли за што навистина има под овој геоглиф.

Археоакустичното и Електромагнетното истражување на древните локалитети веќе станува официјална научна дисциплина. SB Research Group (SBRG) во последните пет години има развиено нова методологија, користејќи го практичниот археоакустичен стандард (SBSA), кој помага за објаснување на одредени феномени кои се среќаваат на светите места. Анализата на звуците и различните видови на зрачења од под земјата, овозможува подобро разбирање на она што постои под тлото кое што го гледаме. Претходниот научен текст ги демонстрираше доказите за различните физички феномени кои што се присутни на геоглифот, како и вештачкото потекло на ова ридче, кое од сега па натаму треба да се ословува како тумулус, тумула. Според добиените податоци од софистицираните напредни апарати за мерење на различни зрачења, се потврдува постоењето на подземна комора, до која што е возможно да водат помали простории или ходници. Доказите за ова може да ги прочитате во научниот труд,  на ЛОЗА.Овие научни трудови претставуваат ретка прилика за директно осознавање на резултатите кои што беа измерени од интернационалниот научен тим, предвод

Пронајдете не на следниве мрежи: