Словенечката ракометна репрезентација направи историски успех со нереалниот пресврт во натпреварот за третото место со Хрватска, а големото славје кое следеше по последниот звук на сирената само ни долови колкаво значење има за Словенците освоениот бронзен медал на Светското првенство во Франција.Ова е прв голем подвиг на Словенците на еден мундијал, а целокупната јавност во оваа земја посебна заслуга му даде на феноменалниот Веселин Вујовиќ кој не ја загуби надежта и успеа да ги врати своите ракометари и во ситуација кога губеа со осум голови разлика.
Вујо беше најбарано лице за давање изјава меѓу новинарите по крајот на натпреварот, а при една таква ситуација доби напад од заседа од своите двајца избраници. Безјак и Скок му се прикрадоа отпозади грб на Вујовиќ додека даваше изјава, и на тој начин со водено изненадување му се оддолжија за маестралната стратегија која ја замисли во второто полувреме.
Ова е прв голем подвиг на Словенците на еден мундијал, а целокупната јавност во оваа земја посебна заслуга му даде на феноменалниот Веселин Вујовиќ