Скопје, 16.04.2014 – Пред истекот на законскиот рок, еден од најголемите откупувачи на грозје во земјава – винарската визба „Тиквеш“, ја заврши исплатата на целокупното откупено грозје од последната берба. За преземените 25 милиони килограми грозје од бербата во 2013-та година на лозарите им се исплатени 360 милиони денари.Водејќи се од својата политика за стимулирање на квалитетот, ВВ „Тиквеш“ и оваа година исплати дополнителни бонуси за откупеното грозје со екстра врвен квалитет во вредност од 27 милиони денари.
„Бидејќи грозјето е есенцијалната состојка на врвното вино што го произведуваме, ние во „Тиквеш“ со огромно внимание и почит се однесуваме кон него и кон лозарите, со кои градиме долгорочни односи на партнерска основа. Таквата наша определба значи дека внимаваме на сите аспекти во нашиот однос кон лозарите, вклучувајќи ја навремената исплата на откупеното грозје која се одвива во рамки на склучените договори и законски рокови, како и дополнителните бонуси за грозјето со екстра квалитет во форма на премија која годинава достигна и до 40% од основната цена“, изјави Игор Илиевски, генерален директор на винарската визба „Тиквеш“.
Големото откупено количество, високата просечна цена од 14,4 денари за килограм грозје, дополнителниот бонус што единствено „Тиквеш“ го плаќа како награда за највисок квалитет, како и редовната исплата на откупеното грозје, се одличен показател за определбата на најнаградуваната винарска визба во регионот да гради долгорочен партнерски однос со лозарите кој овозможува одржливо снабдување со висококвалитетно грозје неопходно за производство на врвни македонски вина.
Добрата соработка со лозарите во насока на унапредување и одржување на високиот квалитет и заштитата на лозовите насади, е долгорочна цел на ВВ „Тиквеш“ која со несмален интензитет ќе продолжи и во иднина.Водејќи се од својата политика за стимулирање на квалитетот, ВВ „Тиквеш“ и оваа година исплати дополнителни бонуси за откупеното грозје