Wall Street Journal: Русија под ОКУПАЦИЈА држи дел од американската територија

Во својата колумна „МИСЛЕЊА“ угледниот американски весник „Волстрит журнал“ објави текст на авторот Томас Емануел Денс, во кој тој тврди дека Русија од 1924 година окупира дел од територијата на САД, поточно островот Врангел.

Данс наведува дека Русија презела мерки кои овозможуваат милитаризација на островот и нагласува дека островот припаѓа на Соединетите Американски Држави и дека комунистичкиот режим од таму ги протерал американските доселеници.

Wall Street Journal: Русија под ОКУПАЦИЈА држи дел од американската територија

Островот Врангел, порано Земја Врангел, е остров помеѓу Источносибирското и Чукиското Море, северозападно од Беринговото Море, со површина од 7.300 km².

Го открил американскиот китоловец Жанет во 1867 година, под команда на капетанот Џорџ Вашингтон де Лонг.

Група Американци слетале на островот во 1881. Тие го подигнале американското знаме и го прогласиле овој остров за американска територија, т.е. Нова Колумбија. Еден од истражувачите, Џон Муир, објавил светски опис на островот во серија написи за весник во Сан Франциско истата година. Островот бил изолиран во следните 30 години, по што следеле две неуспешни канадски експедиции за да го бараат островот како британска територија, во 1913 и 1921 година.

На крајот, Советите го окупирале островот во 1926 година и ги населиле сибирските Чукчи, чија мала заедница постоела на островот до 1970-тите, кога биле преселени на копното.

Островот е дом на повеќе од 40 ендемични видови и подвидови на растенија, инсекти, птици и цицачи, а на листата на УНЕСКО е впишан во 2010 година.

Во меѓувреме, Русија најави дека има намера да отстрани дел од еколошките ограничувања, за да добие дозвола за изградба на капитални објекти, бидејќи се наведува дека тоа служи за потребите на „одбраната и безбедноста“.

Според тоа, написот во Wall Street Journal е веројатно реакција на намерата на Русија да му даде на островот воено значење. Иако тврдењето дека Русија окупира дел од територијата на САД звучи нереално, самиот факт што статија со ваква содржина се појави во весник како „Волстрит журнал“ укажува дека тоа е некакво предупредување за Москва.

Написот може да се толкува и како индикација за намерата на САД да ги зголеми влоговите во арктичкото натпреварување бидејќи островот Врангел е клучно упориште за контролирање на пристапот до Источниот Арктик и Северниот морски пат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.