Минатата година, Joe Belfiore од Microsoft даде храбра изјава дека разликата во бројот на апликации помеѓу Windows Phone и iOS и Android ќе биде елиминирана во 2014-та година. Да погледнеме дали ова ветување се оствари…На само месец и пол пред крајот на оваа година, Windows Phone сеуште е далеку од бројот на апликации кај конкурентските оперативни системи. Сепак, компанијата објави импресивна бројка – над 500,000 достапни апликации комбинирано за Windows и Windows Phone.
Ова значи дека Windows Phone Store Има околу 340,000 апликации, додека пак Windows Store Има околу 187,000 апликации. Microsoft планира да ги спои овие две „продавници“ со Windows 10, така што целосната бројка би била 527,000 достапни апликации за корисниците на телефони и таблети со овој оперативен систем.
Ова е огромен напредок за Windows, бидејќи пред само неколку месеци имаше околу 300,000 апликации, иако е сеуште далеку од iOS и Android, кои имаат над милион апликации индивидуално.На само месец и пол пред крајот на оваа година, Windows Phone сеуште е далеку од бројот на апликации кај конкурентските оперативни системи. Сепак,