Wizz Air дополнително ќе ги намали своите услуги во Скопје оваа зима и привремено ќе укине седум линии. Авиокомпанијата објави дека до крајот на март 2021 нема да ги има летовите до Барселона, Бремен, Хановер, Ларнака, Сандефјорд (Норвешка) и до два аеродрома во Шведска, Скавста во близина на Стокхолм и Вешо, а претходно беше укината и линијата до Салцбург.
Без овие линиии Wizz Air преку зимата ќе продолжи да одржува авионски линии од Скопје до 23 европски дестинации, но и тоа може да биде подложно на промени. Дел од овие линии во моментов се привремено суспендирани и нема да продолжат до стартот на зимската сезона 2020/21 кон крајот на октомври.
Скопје е најголемата и најпрометна база на Wizz Air“ во поранешна Југославија и минатата година, 60% од сите патнички летови од главниот град на Македонија отпаѓаа на унгарската нискобуџетна компанија. Минатата година команијата имаше лоцирано пет авиони од типот А320 и А321 во Скопје. Македонската влада на крајот на 2019 објави дека ќе инвестира 1,7 милиони евра во авионскиот сектор на земјата и најголем дел од овие средства беа наменети за Wizz Air.
Поради кризата од Скопје се повлече грчката Aegean Airlines, без најава кога би ги обновила летовите за Атина.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.