Wizz Air привремено укинува неколку авионски линии од Скопје

Wizz Air дополнително ќе ги намали своите услуги во Скопје оваа зима и привремено ќе укине седум линии. Авиокомпанијата објави дека до крајот на март 2021 нема да ги има летовите до Барселона, Бремен, Хановер, Ларнака, Сандефјорд (Норвешка) и до два аеродрома во Шведска, Скавста во близина на Стокхолм и Вешо, а претходно беше укината и линијата до Салцбург.

Без овие линиии Wizz Air преку зимата ќе продолжи да одржува авионски линии од Скопје до 23 европски дестинации, но и тоа може да биде подложно на промени. Дел од овие линии во моментов се привремено суспендирани и нема да продолжат до стартот на зимската сезона 2020/21 кон крајот на октомври.

Скопје е најголемата и најпрометна база на Wizz Air“ во поранешна Југославија и минатата година, 60% од сите патнички летови од главниот град на Македонија отпаѓаа на унгарската нискобуџетна компанија. Минатата година команијата имаше лоцирано пет авиони од типот А320 и А321 во Скопје. Македонската влада на крајот на 2019 објави дека ќе инвестира 1,7 милиони евра во авионскиот сектор на земјата и најголем дел од овие средства беа наменети за Wizz Air.

Скопскиот аеродром моментално опслужува седум авиокомпании. Во зависност од коронакризата, можно е оваа зима да оперираат и десет компании, кога своите летови би требало да ги обноват flydubai, Qatar Airways и полската LOT.

Поради кризата од Скопје се повлече грчката Aegean Airlines, без најава кога би ги обновила летовите за Атина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.