WIZZ AIR ПРОСЛАВУВА 18 ГОДИНИ ОД ПРВИОТ ЛЕТ И ГИ НАГРАДУВА СВОИТЕ ПАТНИЦИ СО 18% ПОПУСТ НА СИТЕ ЛЕТОВИ

Wizz Air, најбрзо растечката авиокомпанија за ултра евтини
летови во Европа* која воедно е и една од најодржливите, денес прославува 18
години од работење во Европа. По повод својата годишнина, авиокомпанијата
им нуди на своите клиенти попуст од 18% на сите летови во мрежата на WIZZ
**. Намалените авионски карти се достапни само денес, 19 мај, 2022.
За време на своите 18 години постоење, уште од првиот лет во 2004 на
Катовице – Лондон Лутон рутата, Wizz Air константно ја проширува својата
мрежа на рути и флотата на авиони. Исто така, од како беше направен првиот
лет од Северна Македонија во 2012, авиокомпанијата им нуди на своите
македонски клиенти поволни алтернативи по ниски цени до различни
дестинации насекаде низ Европа и не само тоа, денес имаме летови од 2
аеродроми во земјата.
Wizz Air нуди широк спектар на нискобуџетни летови до најатрактивните
локации во Европа. Картите се достапни за резервација, онлајн на wizzair.com
како и преку мобилната апликација. Изненадете ги вашите пријатели, вашето
семејство или самите себе со карта до посакуваната дестинација, без разлика
дали станува збор за сончева плажа, прошетка во некој од најубавите градови
или посета на странска дестинација.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.