Women’secret во борба против ракот на дојка

 За да го одбележи октомври како месец посветен на борба против ракот на дојка, шпанскиот бренд за долна облека women’secret ќе спроведе акција под мотото “women’secret и вие во борба против ракот на дојка”.Во рамките на оваа акција со купување на било кој производ од брендот од 15 октомври до 15 ноември 2013 година, купувачите ќе донираат средства за организацијата за борба против рак БОРКА. Исто така, во продавницата на women’secret во Скопје Сити Мол ќе биде поставена и кутија за донации.
Собраните средства од акцијата ќе бидат наменти за купување на помагала кои им се потребни на жените заболени од оваа болест како што се специјални медицински градници, перики и сл.
Како дополнителен чекор во месецот посветен на борбата против ракот на дојка, women’secret ја лансира и првата колекција на градници за жени кои поради болеста имале оперативен зафат на градите (масектомија), за да продолжат да се чувствуваат женствени и од внатре и од надвор.  
www.womensecret.com
https://borka.org.mk/
www.fashiongroup.com.mkВо рамките на оваа акција со купување на било кој производ од брендот од 15 октомври до 15 ноември 2013 година, купувачите ќе донираат средства за

Пронајдете не на следниве мрежи: