X- фактор: Вечерва последна елиминација пред супер финалето!

Вечерва со почеток од 21 часот ќе се емитува осмата финална вечер во која натпреварот ќе го напушти уште еден кандидат, така што за големото супер финале ќе останат уште пет натпреварувачи.Возбудата и напнатоста расте и кај натпреварувачите и кај публиката затоа што победникот на првиот регионален X Factor ќе го дознаеме на 23-ти март во белградската „Комбанк“ арена.
За вечерашната последна финална емисија како специјални гости се најавени дури три имиња од регионот, а тоа се легендарниот хрватски бенд Парни Ваљак и српските пејачки Наташа Беквалац и Ана Станиќ, која премиерно ќе го претстави својот нов сингл насловен „Овај дан“, додека Беквалац ќе го изведе својот нов сингл „Најгора“, а на сцената ќе ја придружуваат девојките од групата Мистик Чело и една од најдобрите српски пијанистки, Ива Деспотовиќ.

Интересно е тоа што тема на вечерта е „Песни од менторите“, така што натпреварувачите ќе настапат со хитови од Жељко, Емина, Кики и Кристина. Првиот настап вечерва ќе го има Маид Хеќимовиќ, по кој ќе следат Илма Карахмет, Даниел Кајмакоски, Лукијан Ивановиќ, групата Доктори и Тамара Милановиќ. По нивните изведби публиката ќе одлучи меѓу кои 5 суперфиналисти ќе се води главната битка во големото супер финале на 23-ти март.Возбудата и напнатоста расте и кај натпреварувачите и кај публиката затоа што победникот на првиот регионален X Factor ќе го дознаеме на 23-ти март

Пронајдете не на следниве мрежи: