Исто како што Instagram направи со Reels, YouTube исто така започна полека да го воведува својот креатор на кратки видеа со назив YouTube Shorts кој ќе му биде главна конкуренција на TikTok.
За алатката на YouTube за креирање на кратки видеа започна да се шпекулира пред неколку месеци, а сега раната бета верзија е достапна во Индија. Слично како и на TikTok, корисниците на Shorts ќе можат да снимаат клипови со должина до 15 секунди кои ќе можат да се комбинираат со музика.
Моментално на располагање се 100 илјади песни, а YouTube соработува со музичките уметници, издавачки куќи и други партнери за да може да се прошири музичкиот каталог.
Засега Shorts е достапен само за Android, а наскоро ќе можат да го користат и корисниците на iOS.