Стапката на невработеност од 24,6% е крунски доказ дека економските полтики кои беа поставени пред 10 години ги даваат очекуваните резултати. Креирани се 150.000 нови работни места односно невработеноста се намали за 11 процентни поени споредено со пред една деценија.Намалувањето на невработеноста е најголем успех на економијата во последните десет години, вели во интервју за Сител, министерот за финансии, Зоран Ставрески.
-Добиени се многу битки во овие 10 години. Прво, во 2013 година, беше пробиена психолошката бариера од 30%, сега се пробива и бариерата од 25%. Тоа се 150.000 нови работни места. Но, дали е добиена војната? Не, се уште не е. Потребни се уште работни места, рече Ставрески за Сител.
Според него, економските политики кои ги води Владата даваат резулат. Подобрени се условите за водење бизнис. Земјава е рангирана на шесто место во Европа за добра деловна клима според Дуинг бизнис листата на Светската банка. Тоа значи дека се создадени услови работни места да отвораат и новите инвеститори и домашните компании кои користеле евтини кредити обезбедени од државата.
-На пример, преку проектот Македонија вработува креирани се 14.600 лица. Заедно со мерката за вработување млади, бројкаата достигнува до 22.000 23.000 лица. Преку странските директни инвестиции создадени се 16.000 работни места, а со евтините кредити кои ги обезебди државата за домашните компании отворни се 7000 работни места, вели Ставрески за Сител.
Тој најавува дека Владата ќе продолжи со полтиките за привлекување странски директни инвестиции, затоа што тие даваат резултати.
-Тие создадоа 16.000 работни места. Тоа се 16.000 семејства кои обезбедија егзистенција. Но, тие не овозможуваат само директни вработувања, туку и многу индиректни. На пример, тие купуваат храна од домашни фирми. Кога ќе и се расипе машина бараат домашен сервисер. Кога им требаат интелектуални услуги бараат правник или економист. Сето тоа овозможува домашните компании да отвораат работни места, вели Ставрески.Намалувањето на невработеноста е најголем успех на економијата во последните десет години, вели во интервју за Сител, министерот за финансии, Зоран