За 10 години платите во Македонија се зголемиле за 60, а пензиите за 70 отсто

Во последните 10 години најголем раст на пензиите и платите имаат граѓаните на Македонија и Црна Гора, а Србите најмала,пишува Курир.рс.Жителите на Македонија и Црна Гора од 2006 година до денес имале најголем раст на платите и пензиите, додека во истиот период најлошо поминале Хрватска и Србија.

Повод за споредба на поранешните држави на Југославија, е 10-годишнината од независноста на Црна Гора, која беше прославена овој викенд.
Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, во очи на јубилејот на независноста, рече дека просечната плата во Црна Гора е за 70 отсто поголема од пред 10 години, бруто домашниот производ исто така за 70 проценти, а пензиите за 100 отсто.
Покрај Црна Гора и Македонија има причина да се пофали. Платите се зголемени за 60, а пензиите за 70 отсто.
Босна и Херцеговина го зема третото место во ова 10 годишна споредба и ја потврдува оценката дека ваквиот пласман е делумно последица на ниските почетни основи кои ги имаа овие три држави.
Големиот раст, сепак не им помогна да ги претекнат Словенија и Хрватска, кои сеуште имаат речиси двојно повисоки плати и пензии.
Србија, гледано во динари, има голем раст, скоро како Македонија и Црна Гора, но кога ќе се прерачуна во евра, нашата земја е на дното, пишува српски Курир.
-Зар не се најдобри Словенците?!, прво запрашал економистот Љубомир Маџар, кога му кажале дека по растот на платата најдобри се Македонците и Црногорците.
Тој вели дека ова рангирање потврдува оти се променила ситуацијата од поранешна Југославија, бидејќи тогаш развиените побрзо се развивале од неразвиените и така се зголемувала разликата.Жителите на Македонија и Црна Гора од 2006 година до денес имале најголем раст на платите и пензиите, додека во истиот период најлошо поминале Хрва

Пронајдете не на следниве мрежи: