За 10 години,можно е да не видиме ниеден слон

На 12-ти август се одбележува Светскиот ден на слоновите,но оваа година нема многу работи за славење. САД имаат голем удел во намалувањето на бројот на слонови низ светот,што доведе до алармантни стапки.Поради несоодветното финансирање и спроведување, како и збунувачките прописи, трговијата со слонови коски во Америка е изненадувачки голема. И покрај американските закони кои се фокусираат на увозот и извозот на слоновата коска,шверцерите постојано носат слонова коска на трговскио пазар. Американската служба за рибни ресурси и ресурси со диви животни извести дека официјланите службеници конфискувале 2 милиони американски долари од нелегална трговија со слонова коса од само две продавници во Њујорк во 2012 год.
Во светот,бројот на слоновите се намали од 1,2 милиони во 1980 година на 420 000 во 2012 година, во согласност со конзервациската група 96 Elеphants. Секоја годинаоколу 35 000 слонови нелегално се фаќаат и убиваат. Во шумите на Централноафриканската Република,бројот на слоновите се намалил за 65 % од 2002 до 2013 година, додека за периодот од 2009 до 2013,во Танзанија бројот се намалил за 66 %. Си-Ен-Ен проценува дека доколку денешните стапки на намалување на бројот продолжи понатаму, во рок од 10 години сите слонови на светот ќе исчезнат.

Во САД, слоновата коска е со цена од околу 1500 долари по килограм,според Дејли Бист. Ловокрадците користат софистицирани тактики како GPS уреди,гугл-очила за ноќно гледање и хеликоптери за да ги лоцираат и брутално да им ги отстранат забите. Затоа ова стана толку профитабилен бизнис низ светот.
За време на Африканско-американскиот самит во почетокот на Август, африканските лидери побараа од САД да обезбеди подеднакво софистицирана опрема за да се спречи илегалниот лов. “Намибија побара лесно навооружени хеликоптери,Танзанија побара гугл-очила за ноќно гледање,а Того- инфрацрвени скенери за да се користат на пристаништата”- објави Националното јавно радио.
Иако Кина е врвот на пазарот за трговија со слонова коска, САД е рангирана како изненадувачки втора. Двете држави ги заобиколуваат меѓународните забрани преку недозволена трговија, кој претставува четврт по големина транснационален криминал во светот, според 96 Elеphants.
Помеѓу 2009 и 2012 г. Речиси 8000 илјади слонови коски и 4000 заби биле незаконски донесени во САД, според Yale Environment 360. Криминалните организации ја водат индустријата со ловокрадство во Африка и се додека нивните членови знаат дека коската ќе достигне високи цени во САД, колежот на слонови ќе продолжи.
 Поради несоодветното финансирање и спроведување, како и збунувачките прописи, трговијата со слонови коски во Америка е изненадувачки голема. И покр

Пронајдете не на следниве мрежи: