Летниот период двојно ја зголемува црната статистика на МВР. Само за седум месеци годинава регистрирани се 1810 тешки сообраќајни несреќи во кои животот го загубиле 85 лица. Сепак, оваа бројка до денеска е зголемена, ако се земат во предвид информациите дека само во последниве пет дена во сообраќајни несреќи загинаа 5 лица.Бројот на жртви во првата половина од годинава е за 10 проценти поголем и од лани, кога во истиот период на македонските патишта имало 63 жртви, пренесува Сител ТВ.
Делницата Удово-Демир Капија и годинава се покажа како најкобна и за странските, но и за македонските држајвани. Секојдневно овој пат го минуваат илјадници туристи кои патуваат кон Грција, а според информациите во сообраќајќите најчесто учествуваат странски државјани претежно Срби.
Надлежните велат дека во овој случај, пресудно за предизвикување сообраќајна несреќа се уморот, долгите релации и неприлагодената брзина според условите на патот кој за странците е непознат. Тие апелираат до возачите на поголема внимателност, да се почитува сообраќајната сигнализација, а при долги релации да се прават почести паузи.
Во оваа насока во тек и кампања предводена од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, насловена „Стоп за насилната смрт на патиштата“ со цел да се зголеми безбедноста и да се намали бројот на жртви.
Статистиката на МВР од последниве 4 години, вели дека на годишно ниво најголем број тешки сообраќајни несреќи се случиле во 2013-та со вкупно 198 загинати лица.
2014-та пак се смета за година со историски најмал број згинати и повредени лица во сообраќајќи, кога на македонските патишта имало 130 жртви, додека лани оваа бројка е зголемена на 148 лица.Бројот на жртви во првата половина од годинава е за 10 проценти поголем и од лани, кога во истиот период на македонските патишта имало 63 жртви, пр