За Ангела Меркел, демографијата е во врвот на приоритети

Ангела Меркел ја спомна темата за демографијата веднаш после економијата на Kонгресот на ЦДУ во Kелн оваа недела. Беше мало изненадување дека токму за оваа тема зборуваше толку долго и толку детално. Но, за оние кои подолго време го следат нискиот наталитет и демографијата во Германија, ова воопшто не беше изненадување, туку исправен пристап на Меркел како одговорен премиер на Германија и еден од најуспешните европски лидери изминатава деценија.Што точно кажа Меркел? Цитат: „Драги пријатели, нашиот втор голем предизвик е демографијата, односно промената на старосната структура во нашето општество“.
Што значи ова? Прво, дека ова е тема број 2 на нејзината агенда како канцелар на Германија и како лидер на ЦДУ (Христијанско – демократската унија на Германија). Тоа значи дека демографските движења и процеси се во врвот на највисоките приоритети за неа и за ЦДУ како владејачка партија во Германија. Меркел прво зборуваше за економијата, а веднаш откако заврши со економијата се префрли на демографијата.
Дури откако заврши поглавјето за демографијата во говорот на Меркел, таа подоцна, редоследно зборуваше за новите технологии и дигитализацијата, образованието, енергетиката, слободната трговија, покраинските избори во неколку сојузни држави, финансиската стабилност на ЕУ, банките, војната во Украина, ИСИС, правата на христијаните на Блискиот Исток, еболата, прашањата за азилантите и бегалците, за внатрешната безбедност, за Хелмут Kол, за Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија, за Kонрад Аденауер и социјалната пазарна економија, за политичките ривали СПД и крајната левица „Линке“, а заврши со неколку реченици за нејзиниот пат во политиката, како демохристијанин и член на ЦДУ.
Значи, сите оние набројани теми дојдоа после демографијата. За секоја од погоре набројаните теми имаше посебно поглавје, посебен дел со подготвени тези и кажување на политиките на ЦДУ и нејзините ставови. Причината поради која Ангела Меркел посвети толку време на демографијата е фактот дека Германија е земјата со најнизок наталитет во Европа, заедно со Италија, Португалија и Грција. Германија се обидува веќе 20-тина години да спроведе некаква демографска политика, потрошени се милијарди и милијарди германски марки и евра, а резултатите се скромни.
На пример, минатата година Германија имаше само 682.000 родени бебиња, а починати лица дури 894.000. Тоа дава годишен минус од дури 212.000 луѓе. Се работи за губење на 581 човек секој ден, 365 денови во годината. Ваквите бројки значат демографска загуба од дури 4.065 луѓе секоја седмица. Тоа значи дека од секој месец минусот е 18.000 луѓе, што укажува на размерите на демографскиот предизвик со кој се соочува Германија.
Не помага ниту фактот дека се работи за најсилната економија во Европа. За столбот на ЕУ, за земја со невработеност од само 5 проценти и БДП по жител од дури 46.000 американски долари по жител. Наталитетот не го подобрија ниту големите бенефиции и поддршка што ги овозможува Германија. Просечната плата во Германија изнесува 4.076 долари (3.000 евра) бруто, односно пред оданочување. Откако ќе се пресметаат германските даноци и давачки, просечната плата изнесува 2.600 долари нето (1.900 евра).
За позитивен демографски биланс и позитивен природен прираст не помогна ниту носењето на 16 милиони доселеници и нивни потомци. Тие 16 милиони дојдоа од Германците кои живееја во Полска, Чешка, Русија, Kазахстан и други земји во последниве неколку децении. Околу 7 милиони се доселеници од странски држави, од сите делови на светот, вклучувајќи ги Источна Европа (Полска, Чешка, Украина, Русија), Јужна Европа (Италија, Шпанија, Португалија), Балканот (екс СФРЈ, Бугарија, Романија, Грција), Турција, Блискиот Исток (Ирак, Сирија, Египет, Тунис), Африка (Гана, Сомалија, Нигерија), Азија (Индија, Kина, Филипини, Тајланд), Латинска Америка (Бразил, Мексико, Боливија) и други делови на светот. Тоа позитивно влијаеше на силата на германската економија, на зголемувањето на работната сила, проследено со позитивните ефекти од зближувањето на различните култури.
Сепак, бројката на родени деца по жена е само 1,4. Македонија има средна вредност од 1,5 деца по жена како средна вредност од целата територија РМ, со што Германија има помал наталитет и фертилитет (родени деца по жена) од Македонија. Минимумот на минимум за одржување на населението е 2,1 деца по жена. Тоа значи дека Германија е цели 33 проценти под најнискиот минимум на фертилитет за проста репродукција и одржување на населението. Последицата на таков низок фертилитет кој трае со децении е извесното намалување на населението, пад на број на учениците, затворање на стотици училишта, намалување на работната сила и големи проблеми со одржливоста на пензискиот систем. Од тие причини Меркел после темата за демографијата премина на пензискиот систем и зголемувањето на границата за пензионирање што се случи во Германија изминативе години. Но, назад кон демографијата.
Во делот кога Меркел рече „промена на старосната структура во нашето општество“, таа ја допре темата на стареењето на населението. Германија е земјата со процентуално најмалку млади луѓе, односно само 13,2 отсто млади луѓе (возраст од 0 до 14 години). Обратно, Германија и Италија се земјите со највисок процент на стари луѓе кои имаат над 65 години, односно цели 20,6 и 20,8 отсто.
Ваквата старосна структура значи дека ќе следува намалување на работната сила и раст на трошоците за пензиски издатоци во Германија, плус медицинските трошоци затоа што старите луѓе имаат оправдана потреба од поголема нега, операции, лекови, престој во болница, лечење, прегледи и целиот корпус на здравствени проблеми поврзани со староста. Но, нивниот проблем е што имаат многу малку млади кои како даночни обврзници и вработени го покриваат сето тоа.
Втората реченица во говорот на Меркел беше следната, цитат: „Речиси нема земја во светот која се соочува со толку големи предизвици“, мислејќи на демографијата и Германија. Во тој контекст, мора да се каже дека Ангела Меркел е лидер кој внимателно ги бира зборовите. Изборот на зборовите меѓу редови посочува дека демографските предизвици на Германија се меѓу најголемите во светот, што значи дека Германија е меѓу земјите со најмал наталитет на светот.
Денес Германија има 82 милиони жители. Експертите на ОН и „Евростат“ прогнозираат дека Германија следниве 45 години ќе загуби помеѓу 12 и 17 милиони жители. Доколку во Германија секоја година доаѓаат нови 100.000 емигранти, тогаш во 2060 година популацијата ќе биде 65 милиони. Доколку се зголеми емиграцијата и годишно доаѓаат 200.000 луѓе, тогаш за 45 години Германија ќе има 70 милиони жители.
Значи, предизвиците се големи. Германија е голема и силна земја. Продолжува да ги бара вистинските мерки поврзани со демографијата. Силната економија е одлична околност, но тоа не значи автоматски и добра демографија. Сигурно има и други фактори кои играат улога. Семејните вредности во секое општество сигурно се дел од сликата.
Што точно кажа Меркел? Цитат: „Драги пријатели, нашиот втор голем предизвик е демографијата, односно промената на старосната структура во нашето општество“.

Влатко ЃОРЧЕВ за Дневник.Што точно кажа Меркел? Цитат: „Драги пријатели, нашиот втор голем предизвик е демографијата, односно промената на старосната структура во наш

Пронајдете не на следниве мрежи: