Една работа станува јасна по гласањето и дискусиите на Kомисијата за уставни прашања во Собранието на РМ: СДСМ има јасна, недвосмислена намера да го промени Законот за семејство и да воведе хомосексуални бракови во Македонија, како и усвојување деца од хомосексуалните двојки.Ако искрено беа за бракот меѓу еден маж и една жена, ќе гласаа за уставните измени. Тие гласаа против.Сите пратеници на СДСМ што се членови на Kомисијата за уставни прашања гласаа јасно против уставните измени со кои се предвидува бракот јасно да се дефинира исклучиво како заедница на еден маж и една жена, како и децата без родители да можат да бидат посвојувани исклучиво од брачни двојки во кои има маж и жена или од самохрани родители. Што е стратегијата на СДСМ, ЛП и ЛДП? Зошто вака гласаа, а во дискусиите велеа дека го поддржуваат традиционалниот брак меѓу маж и жена? Kаде и како ќе се движат работите во ставовите на СДСМ?За да се анализираат сите овие прашања, добро е да се погледнат случаите на легализација на хомосексуални бракови и усвојување деца во другите земји. Во сите земји каде што се легализирале хомосексуалните бракови, тоа изгледало како невозможно 10 години пред да се случи. Мнозинството граѓани сметале дека традиционалниот брак е безбеден, сигурен, дека нема да се менува дефиницијата на бракот. Слушнале дека има барања во насока на редефинирање на бракот, но премногу не се заморувале со тоа затоа што сето тоа им изгледало далечно, минливо и едноставно не било меѓу поважните политички и општествени теми. Ултралибералните организации се подготвувале за долгорочна кампања, подготовка на јавноста и туркање на својата агенда. Kај нас тоа се Сорос-организациите, кои веќе имаат политички сојузници.Прво, се оди со „мека“ агенда, која постепено го подготвува општеството за измените што треба да се случат, а на крајот завршуваат со усвојување деца. Во почетокот се организираат кампањи, билборди, телевизиски спотови, работилници, семинари, маршови и слични активности. Сето тоа е во ред и легитимно, но во зборувањата не се кажуваат крајните намери. Тоа е дел од плурализмот во општеството. Доминираат зборовите толеранција, разбирање, поддршка. И навистина, и во Македонија, и во другите земји треба да се има толеранција и почит кон сите општествени групи, а целосно неприфатливи се насилството, нетолеранцијата и стигматизацијата. Но, не може да се даде квалификација за земјите што немаат хомосексуални бракови дека се нетолерантни, немодерни, заостанати. Заштитата на традиционалниот брак не е насочена против никого, туку го афирмира и потврдува бракот меѓу еден маж и една жена како една од најважните институции во човековата цивилизација. Бракот и заедницата на еден маж и една жена се еден од темелите на живеењето низ многу векови на сите континенти. Втората фаза се политичките иницијативи во кои се бараат цивилни унии за хомосексуалните двојки, како и регистрирано партнерство за хомосексуалните двојки. Потоа регистрираните партнерства на хомосексуалните двојки се изедначуваат со бракот. Во Македонија има иницијатива за истополови регистрирани партнерства од Либералната партија (ЛП), која на последните парламентарни избори настапи на заеднички листи со СДСМ. Трето, се оди со иницијативи за промена на Законот за семејство. Од име на недискриминацијата се бара легализација на хомосексуалните бракови. Тоа се прави преку парламентите, обично во моментите кога социјалдемократските и либералните политички сили имаат мнозинство. Ако не може тоа да се направи преку парламентот, се оди преку Уставниот суд. Се поднесува иницијатива и се очекува Уставниот суд да го редефинира традиционалниот брак, спротивно, на волјата на мнозинството на граѓани што имаат поинаков став и светоглед. Мислите во Македонија нема такво барање и ова не е тема? Хелсиншкиот комитет на РМ поднесе такво барање на 10.5.2012 година, односно пред повеќе од една година. Хелсиншкиот комитет е НВО во чие раководство има голем број видни членови од раководствата на СДСМ и ЛДП. Се бара директна легализација на хомосексуалните бракови, а сегашниот Закон за семејство се опишува како јасна дискриминација. За Законот за семејство се вели, цитирам: „не ги заштитува граѓаните од секаков облик мачење, нечовечко или понижувачко однесување“. Така тие го гледаат законот, кој вели дека бракот е заедница на еден маж и една жена.Четврто, откако ќе се легализираат хомосексуалните бракови, се прават законските измени за усвојувањето на децата без родители. Не може да има бракови од прв или втор ред, па од име на недискриминацијата децата без родители ги усвојуваат и хетеросексуални и хомосексуални двојки. Паралелно, во основните училишта се воведуваат наставни програми и содржини што на децата на возраст од 10 и 12 години им порачуваат дека тие самите избираат дали се момче или девојче, дека родителите не смеат да се мешаат во темите за нивната сексуалност, се воведуваат родово неутрални содржини, се воведуваат графи како „родител 1“ и „родител 2“ и така натаму и така натаму.На крајот, преку тужби се криминализира секое поинакво изнесување на мислење. Веќе има неколку случаи на поднесени тужби против свештеници кои кажале поинакво мислење од нормираното, а се повикува на бојкотирање на компании и настани што го афирмираат традиционалниот брак. Промоторите на толеранцијата нетолерантно ги третираат тие што поинаку мислат од нив. Само нивното мислење е прифатливо, прогресивно и дозволено, а сето друго треба да се тужи и отстрани од јавниот простор.Тоа се темите и агендите со кои сме соочени во Македонија. Овие дебати забрзано пристигнуваат и веќе се дебатираат. Нашето општество е силно приврзано кон традиционалните и семејните вредности. Цели 97 проценти од граѓаните ги поддржуваат уставните измени во насока на јасно дефинирање на бракот и делот на посвојувањето на децата без родителска грижа. Од тие причини, пратениците на СДСМ велат дека, цитирам: „не се созреани некои услови“. Чекаат да се создадат условите преку Сорос-кампањите, а потоа да го редефинираат бракот.Намерата е јасна. Да се спречи традиционалниот брак да стане уставна норма, а после неколку години со обично парламентарно мнозинство да се смени дефиницијата на бракот и посвојувањето на децата. Се надевам дека пратениците на СДСМ ќе ја поддржат иницијативата на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ затоа што оваа иницијатива ја има поддршката од огромното мнозинство на граѓани.
Влатко ЃОРЧЕВ за ДневникАко искрено беа за бракот меѓу еден маж и една жена, ќе гласаа за уставните измени. Тие гласаа против.Сите пратеници на СДСМ што се чле