Веројатно сте забележале дека некои намирници наутро ви даваат енергија, додека од други повеќе ви се спие. Вистина е дека постои храна која треба да ја избегнувате наутро, бидејќи тешко се вари. Од друга страна, некои други намирници можат да направат многу побрзо и подобро да се разбудите. Доколку ги јадете и во текот на денот ќе бидете полни со енергија се до вечерта.1.Бадеми
Важно е да се нагласи дека бадемите имаат најдобри своиства ако се јадат свежи и несолени. Овие јаткасти плодови се одличен извор на здрави масти но и протеини, и помагаат во балансирање на нивото на шеќерот во крвта. Некои научни истражувања покажале дека 20 бадеми дневно можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни болести.Притоа, бадемите лесно се варат, па така ќе ве заштитат а нема да му наштетат на вашиот желудник.
2.Црно чоколадо
Заборавете на кафето со млеко, и слободно земете поголема штангла од омиленото темно чоколадо. Сепак, важно е чоколадото да биде квалитетно, со најмалку 70 проценти какао. Какото е одличен извор на железо и магнезиум, а доколку наутро изедете една шангла веднаш ќе забележите дека се чувствувате побудно.
3.Банана
Богати со калиум и витамин В бананите се совршена намирница за избалансиран појадок. Одлични се затоа што можат да го контролираат и стабилизираат нивото на шеќер во крвта. Најдобри се во комбинација со природен путер од кикирики, кој е одличен извор на протеини и масти.
4.Јајца
Веројатно најпопуларниот појадок ширум светот. Јајцата наутро ќе ве снабдат со протеини и железо, па така во текот на целиот ден ќе имате доволно енергија. Витаминот В8, попознат како колин, се наоѓа во јајцата и често се доведува во врска со правилното функционирање на мозокот.
5. Агруми
Агрумите, како што се лимонот, портокалот и лиметата имаат многу витамин С и лесно ќе ве разбудат со својот киселкаст вкус. Еден од најдобрите совети е наутро да пиете вода со лимон, која не само што ќе ви даде енергија, туку и ќе ви помогне да ослебнете.1.Бадеми
Важно е да се нагласи дека бадемите имаат најдобри своиства ако се јадат свежи и несолени. Овие јаткасти плодови



