За читањето на оваа приказна ќе ви бидат потребни ДВЕ МИНУТИ, но мудроста останува ЗАСЕКОГАШ!

На социјалните мрежи се појави една кратка и поучна приказна која ќе ве натера добро да размислите. Доколку некој ве налутил и сте посакале да соѕидате „ѕид“ помеѓу вас и таа личност, прочитајте ја оваа приказна.Си биле еднаш двајца браќа кои живееле на две соседни фарми, но се скарале. Во последните 40 години од нивните животи, таа караница им била најсериозна. Пред да се скараат, тие живееле еден покрај друг, се сакале и си помагале.
Но, идилата одеднаш исчезнала. Сѐ почнало поради мало недоразбирање кое водело до голема караница и груби зборови, по што следеле неколку месеци молчење.
Едно утро, некој тропнал на вратата на постариот брат. Тој ја отворил и здогледал човек со столарски алати.
„Барам работа“, рекол тој. „Можеби овде на твојата фарма би можел да ми најдеш нешто да работам?“
„Да“, рекол постариот брат.

„Знам што би можел да направиш за мене. Ја гледаш ли онаа куќа од другата страна на потокот? Тука живее мојот сосед, всушност, мојот помлад брат. Минатиот месец помеѓу нас се наоѓаше ливада, но тој нешто копаше до реката и сега помеѓу нас има поток. Тој намерно го направи тоа за да ми напакости, но ќе му се одмаздам… Ги гледаш ли оние дрвја покрај шталата? Сакам да ми направиш ограда од два метри и не сакам повеќе да го видам него, ниту неговата куќа“.
Столарот му рекол: „Сѐ ми е јасно. Дај ми шајки и дупчалка и ќе видиш како сјајно ќе ја завршам работата“.
Постариот брат отишол до градот, ги купил потребните материјали и му ги дал на столарот. Тој цел ден вредно работел…
Пред да зајде сонцето, столарот веќе ја завршил работата. Постариот брат бил изненаден! Тој не направил ограда. Столарот направил мост кој ги спојувал двете страни од потокот.
Тоа беше прекрасен мост, а од неговата друга страна му се доближувал неговиот помлад брат со раширени раце.
„Навистина си голем човек кога изгради мост и после сѐ што ти реков и направив“, рекол помладиот брат.
Двајцата браќа стоеле секој на својата страна од мостот, па полека тргнале еден кон друг и се сретнале во средината. Тие виделе дека столарот се подготвувал да си замине.
„Почекај. Остани неколку дена кај нас. Има уште многу работи кои би можел да ги направиш“, рече постариот брат.
„Навистина би сакал. Но, јас морам да изградам уште многу мостови…“, рекол столарот и си заминал.Си биле еднаш двајца браќа кои живееле на две соседни фарми, но се скарале. Во последните 40 години од нивните животи, таа караница им била најсери

Пронајдете не на следниве мрежи: