За да избегаат од избори, СДСМ се подготвени да направат и вооружени инциденти

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) вчера спроведе филмско сценарио во УБК за потребите на кампањата на СДСМ. Вчерашниот виркус на Јанева и Спасовски во УБК покажува дека СДСМ се подготвени да направат и вооружени инциденти со цел да избегаат од избори и соочување со волјата на народот.Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во договор со техничкиот министер Оливер Спасовски се обидоа да ги заобиколат прописите со формирање на некаква незаконска комисија која требало да влезе во системот на УБК. Наместо полициски службеници овластени да постапуваат во нареди, во комисијата Јанева и Спасовски поставиле нестручни партиски послушници кои воопшто немале никакви овластувања.
Директорот на БЈБ, Митко Чавков доцна синоќа изјави дека припадници на единицата Алфи биле распоредени неколку тима во околината на Министерството за внатрешни работи, а некаде во 14: 30 часот влегле и во Министерството за внатрешни работи, односно се поставиле пред Управата за безбедност и контраразузнавање.
-Зарем ова ви личат на полициски службеници. Дали ви личат ова на полициски службеници. Тоа се истите лица кои од разни објективни причини претходно биле отстранети од единицата, а сега Оливер Спасовски ги врати. Имало и расправање пред нивното ангажирање, бидејќи имало инсистирање од нивниот командант да дојдат со автоматски пушки, рече Чавков.
Медиумите изминативе денови објавија дека Спасовски го полни МВР со криминалци од подземјето. На денот кога се распушти Собранието, Спасовски незаконски разместувал професионални полициски кадри и на нивно место инсталирал партиски послушници.
Спротивно на Законот и системот за кариера во МВР, техничкиот министер Спасовски разместил 17 актуелни старешини во единицата Алфа, а на нивно место донел 36 партиски послушници со двојни решенија. Со новиот потег на Спасовски во Единицата за прв одговор и интервенција, која е задолжена за прв одговор најчесто во уличен криминал, клучни позиции добија партиски послушници со дебело полициско досие.
Освен во единицата Алфа, Спасовски направи целосен хаос и во други организациски единици на МВР.
По овој потег на Оливер Спасовски логично се наметнува прашањето дали Спасовски го подготвува МВР за предизвикување предизборни инциденти, со што би се фрлило дамка врз изборниот процес и би се дискредитирале самите избори, за кои СДСМ однапред знае дека ќе ги изгуби. Дали на овој начин, преку инсталирање  на криминалното подземје во МВР СДСМ бара начин да ги поништи изборите на 11 декември кога веќе не успеа да избега и уште еднаш да го одложи.
Поседувањето на позицијата министер на најважната позиција во безбедноста во државата за СДСМ и Сорос е одлична прилика преку секретарот на партијата Оливер Спасовски да инсталира докажани криминалци кои ќе  овозможат подривање на државата и поништување на изборите со што СДСМ ќе си обезбеди алиби за поразот во декември.Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева во договор со техничкиот министер Оливер Спасовски се обидоа да ги заобиколат прописите со формирање н

Пронајдете не на следниве мрежи: