За да му го спасат животот, му ја сошиле раката во стомак!

Генијалните хирурзи му ја спасиле раката на Бразилецот од ампутација, ставајќи ја во „џеп“ внатре во неговиот стомак.Докторите одлучиле да му ја стават раката на Карлос Мариоти внатре во неговиот абдомен и да ја прекријат со  заштитен слој кожа отакако доживеал стравична несреќе на работното место, кога му била искината сета кожа од неговата десна рака.
Мариоти (42), кој живее во  Орлеанс во јужен Бразил, ќе мора да ја држи раката шест недели во својот стомак.
Доктор Борис Брандо, кој го оперирал Карлос, вели дека повредата била многу деликатна.
„Пациентот преживеал повреда која  му оставила многу малку кожа на раката, откривајќи  му  ги коските и тетивите. Единствено со  раката во стомакот нема да дојде до инфекција и  отфрлање на тетивите и ткивата“, вели доктор Брандо.
Карлос вели дека е неверојатно среќен што му е спасена раката, но  дека чувството е чудно.
„Кога докроите ми кажаа дека можам да ја изгубам раката бев многу тажен и загрижен. Но, после операцијата, кога се разбудив, ми кажаа дека раката ми  е во стомакот. Бев запрепастен, но тоа ме спаси. Морам многу нежно и полека да ја движам раката за да го спречам грчењето на мускулите“, вели Мариоти.

 
Карлос работи во фабрика која поизведува пластични штрафови и до повредата дошло откако машината му ја вшмукала раката.
„Изгубив два прста, но благодарен сум што  не се работи за целата рака. Барем и понатаму ќе можам да држам вилушка и  да се облекувам без ничија помош“.
Доктор Брандо вели дека прават се што е во нивна моќ да ја спасат раката доколку тоа е можно.

„ВЕднаш мреагиравме и се одлучивме за оваа постапка. Раката ја сместивме во неговиот стомак и за 42 дена би требало да се развие ново ткиво. Пациентот нема во целост да ја поврати функцијата на движење како претходно, но барем ја спасивме раката и ќе има подобар квалитет на живот отколку  да беше направена ампутацијата“, истакнува докторот.Докторите одлучиле да му ја стават раката на Карлос Мариоти внатре во неговиот абдомен и да ја прекријат со  заштитен слој кожа отакако доживе

Пронајдете не на следниве мрежи: