За да се чувствувате подобро конзумирајте повеќе круши!

Loading...

Сочни и слатки какви што се, крушите со својата мека и помалку зрнеста текстура и бело-кремава срцевина во минатото биле наречени дар од боговите.Постојат илјадници видови од ова овошје и секое се разликува според боја, облик, вкус и големина. Може да се јадат свежи, да се преработуваат, а сокот од круши е посебновкусен.
Крушата е богат извор на витамин Ц и К, бакар и растителни влакна. Витаминот Ц е познат по елиминирањето на слободните радикали, бакарот ги елиминира супероксидирачките радикали, додека растителните влакна превентивно дејствуваат против рак на дебелото црево.
Со оглед на тоа што кората од крушата најмногу содржи растителни влакна, не се препорачува да се лупи. Исто така, таа е одличен енергетски оброк за диеталците, бидејќи овозможува редовно празнење на цревата и одржување на нормалното ниво на шеќер и холестерол во крвта.
Свежите круши се извонреден извор на калиум. Една круша со средна големина содржи 210 мг калиум. Овој минерал учествува во регулацијата на срцевиот ритам, во мускулната контракција, во преносот на нервните импулси и во метаболизмот на белковините и јаглехидратите. Ја регулира работата на крвниот систем и учествува во изградбата на коските и забите.
Здравствени придобивки од конзумирањето на круши:
-Како одличен извор на фитонутрититенти со антиоксидантна активност, крушата го чува кардиоваскуларниот систем забавувајќи го процесот на атеросклероза.
-Ја одджува виталноста на зглобовите, превенирајќи појава на артритис.
-Растителните влакна се благодет за дигетивниот тракт и алатка за справување со покачената телесна тежина. Тие и даваат волумен на столицата и ја спречуваат констипацијата(запекот), ја намалуваат апсорпцијата на холестерол, го намалуваат ризикот од појава на рак на дебелото црево и.т.н.
-Крушата е природен чувар на срцето и крвните садови: Накратко тоа се должи на отсуството на натриум (кој во големи количини води кон покачување на крвниот притисок), отсуството на холестерол, присуството на антиоксидансите и влијанието на растителните влакна врз апсорпцијата на мастите.Постојат илјадници видови од ова овошје и секое се разликува според боја, облик, вкус и големина. Може да се јадат свежи, да се преработуваат, а со

loading...