За државна тајна прогласен масакарот во Велес

Во ноќта меѓу 15 и 16 јануари 1945 се извршени двете најмасовни и најбрутални стрелања во Титова Македонија.
 Без судење и почитување на пресумцијата на невиност, во најголема тајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, а во Куманово 48 затвореници под глобално сомневање дека се „народни непријатели“.
Масакрот е прогласен за „државна тајна“ (!?).
Полувековниот молк го прекина Титовиот биограф, политичарот и академик д-р Владимир Дедиер кој во април 1990 година во двонеделникот „21“, орган на ЦК СКМ, отворено го обвини некогашниот шеф на КОС, генералот Јефто Шашиќ кој во Велес „една ноќ ги зграпчил затворениците за гуша и без сослушување сите ги стрелал“.
Во автобиографските белешки, објавени 1999 година претседателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов Ченто обелодени дека за стрелањата во Велес и во Куманово дознал од семејствата, откако тие биле извршени без да биде информиран и консултиран.
Како иницијатор тој го посочи Едвард Кардељ, а за наредбодавач Лазар Колишевски.
Истиот ден отпатувал за Белград каде побарал објаснување од маршалот Тито кој исто така не бил информиран и веднаш издал наредба да престанат стрелањата без судење.
Според д-р Дедиер, во тој период во Југославија без судење биле ликвидирани 140.000 луѓе.Без судење и почитување на пресумцијата на невиност, во најголема тајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, а во

Пронајдете не на следниве мрежи: