Во координирана соработка со Секторот за криминалистички истраги – единица за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција разби уште една група што во изминатиот период се занимавала со препродажба на наркотици.-Постапувајќи по поднесената кривична пријава против две лица, надлежниот јавен обвинител денеска до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје поднесе предлог за определување на мерка притвор за осомничените. На лицата им се става на товар дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги , психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО.
Основите на сомнение произлегуваат од претходно прибавени докази дека осомничените во месец септември 2016 година неовластено, а заради продажба купиле и продале наркотична дрога – марихуана со тежина од 805 грама во близина на средното училиште ,,Никола Карев“ во населбата Карпош во Скопје. Едното од лицата, денеска во раните утрински часови е запрено на граничниот премин Деве Баир при обид за излез од Република Македонија и истото е задржано и лишено од слобода.-Постапувајќи по поднесената кривична пријава против две лица, надлежниот јавен обвинител денеска до судија на претходна постапка при Основниот суд