За еден месец ќе заврши изградбата на водоводната мрежа во Доброште

Ветувањата кои претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги даваат на терен се исполнуваат со голема брзина.Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски потенцира дека за еден месец ќе заврши и изградбата на водоводната мрежа во Доброште.
Тоа беше барање на граѓаните.
-За еден месец ќе заврши изградбата на водоводната мрежа во с. Доброште, општина Теарце. Ова беше едно од барања кои ги слушнавме со претседателот Никола Груевски при последната посета на општина Теарце, напиша Мисајловски на својот Фејсбук профил.
Министерот за транспорт и врски, Владо Мисајловски потенцира дека за еден месец ќе заврши и изградбата на водоводната мрежа во Доброште.

Пронајдете не на следниве мрежи: