Кога ќе ја пронајдеш онаа личност којашто му дава боја на дотогаш твојот сив свет, стануваш поинаков, стануваш нешто подобро. Но кога таа личност ќе си отиде од твојот живот, каква личност стануваш тогаш?Не се сеќавам каков бев претходно, но знам кога ја запознав неа бев чуден. Чуден за сите, па и за себе. Да, јас сакав, јас љубев едно време. И претходно сум имал секакви врски и сите на некој начин биле чудни спојки, но оваа беше поинаква. Долги или кратки, се или ништо, не е битно каква врска е, но кога ќе почуствуваш дека си ја нашол вистинската… Барем така си мислиш тогаш. Деновите поминуваа. Поминуваа и неделите. Месеци. Години… И баш кога мислев дека конечно ќе сум еден од најсреќните луѓе некогаш видени како љубат и се љубени, нештото се скрши. Нејзините повеќе не сакаа да не’ гледаат заедно. Мислев ќе преминеме преку тоа како во некоја шпанска серија и ќе се избориме за нашата љубов, но залудно. Не сакаше ни таа. Не знам како, по која грешка не сакаше да сме повеќе заедно. Поточно кажано дали тоа што некому ќе се налутиш ти се зема тебе за грев и на тие што ќе им подзамериш малку треба со тебе скроз да расчистат? Засекогаш!Беше крајот на мај и некако како и небото да знаеше што ме очекува кога ја договоривме онаа наша последна средба. Така со смуртени облаци над себе, спремни да го истурат својот бес врз градот, јас со слушалките на уши низ кои течеше некаков микс од локалното радио, тргнав кон договореното место. Таму ме чекаше таа. Подранила 5-6 минути. Тргнавме кон најблиската клупа и она почна да го води разговорот. “Седи..” ми рече и го започна, тогаш за мене попувањето, а сега зборови кои вечно ќе одѕвонуваат во мојата глава. Го кажа нејзиното. Веројатно она што го спремала целата оваа недела што не се видовме, а не се ни чувме. Дојде ред да кажам и јас нешто. Не знаев што да кажам. Едноставно потпишав капитулација. Не бев лут на нештата што ги кажа она, туку бев лут самиот на себе.Побарав дозвола барем до наредната постојка каде што застануваше нејзиниот автобус да ја испратам. Ја добив. Патем ништо не си рековме еден на друг. Поминувајќи покрај некои од нашите места (како и сите добри љубови дотогаш, така и ние си ги имавме добро познатите “наши места”) од некаде се вдаде “Не се враќаш” од Каролина. Не дека ја слушав оваа наша поп пејачка, но некако наеднаш ми стана “Пу да си ебеш векот ко за мене пишувана песната што ја пееш”. На тоа последно наше испраќање, кога веќе и нејзиниот автобус пристигнуваше, она нешто ми зборуваше, така во еден здив, као демек ќе сме останеле пријатели, бла бла бла, а јас не ни ја сфатив најдобро. Стандард муабет мислам дека беше. Ме бакна во образ и ми рече чао. Барем така мислам дека ми рече. Може било и збогум, но не се сеќавам баш најдобро. Не, не го пратев заминувањето на автобусот како во некој тажен љубовен филм. Се свртев наназад, ги ставив слушалките на уши и од телефон си ја пуштив плејлистата со дабстеп. Балади? Хаха, само на Антена 5 после полноќ. Почна да заросува. Им скисна и на облаците веќе. Наеднаш почна да врне силно. Истури. Само со капуљачата од дуксерот на мојата глава, без да се качам во такси или автобус си тргнав накај дома. Кога и како стигнав дома не ни сетив. Веќе следниот миг слушав викање “Ајде излегувај ќе ми ја потрошиш цела вода, треба да се бањам и јас.” Велат дека цел живот ти поминува како блиц пред очите во моментите пред да заврши. Мене сите моментите со неа во еден момент ми поминаа токму така, како блиц пред очи.
Извор: Фејсбук!Не се сеќавам каков бев претходно, но знам кога ја запознав неа бев чуден. Чуден за сите, па и за себе. Да, јас сакав, јас љубев едно време. И прет