Деновиве продолжија возбудувањата од Македонската кугларска лига со одигрување на два натпревари.Вистинско дерби и неивесен натпревар до крај во кугланата “Мусандра” во ГТЦ, одиграа екипите на 18 Август АДИНГ и Работнички. Во крајно неизвесен натпревар, победата на тимот на Работнички во поединечните предметки и предност од 4:2 не беа доволни и за конечен триумф, бидејќи екипата на 18 Август АДИНГ во вкупниот резултат на соборени дрва имаше подобар резултат за 1 дрво, поточно релузтат од 3254-3253, кој беа доволни за два поени и вкупен резултат и реми од 4:4.
Шампионот на Македонија Макпетрол продолжува со серијата на победи, овојпат совладувајќи ја екипата на Империјал Тобако. Натпреварот заврши со резултат 6:2, со резултат на вкупно соборени дрва 3369 наспроти 2972.
Последните два натпревари од шестото коло ќе се одиграат утре /22.11.2014 година, сабота/:
ХЕРАКЛЕА – ВАРДАР 2014 – 11 часот, спортска сала “Младост”, Битола
ГТЦ-МАКЕДОНИЈА – 10 часот, куглана “Мусандра”, ГТЦ Скопје
Со одигрувањето на овие два натпревари, ја имаме следната состојба на табелата:Вистинско дерби и неивесен натпревар до крај во кугланата “Мусандра” во ГТЦ, одиграа екипите на 18 Август АДИНГ и Работнич