За Героски денот на ВМРО е глупав празник

Денот на македонската револуционерна борба за раководителот на порталот Плусинфо и главен уредник на новиот весник „Слободен печат“, Бранко Героски е „глупав празник“.Героски, очигледно изреволтиран и нервозен од последната колумна на уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ – Латас, на својот Фејсбук профил пишува дека денот на ВМРО е „глупав празник“, а за него, црешовото топче е за „да им се набута на вмровците таму каде што треба“.
„Им го учукавме пред Музејот на ВМРО. На нивниот глупав празник. Им го расипавме планот да демонстрираат сила, а ние да ги подвиткаме опашките и да си заминеме дома. Покажавме дека имаме храброст да го пробиеме и полицискиот кордон, ако треба, зада се бориме за нешто уставно загарнтирано право на мирен протест. Им го набутавме црешовото топче таму каде што треба!“, пишува Героски на својот Фејсбук профил.
Ваквиот негов пост со кој го навредува големиот празник, а со тоа и целиот македонски народ наиде на критики дури и кај неговите пријатели на социјалната мрежа, па еден од нив го запрашува Героски како може да се има толку пизма кон својот народ.
„Со Латас вадете си очи до 101 и назад, ама зошто бе Геро празникот да е глупав? Та не е тој “нивни” празник, наш е, на сите Македонци. Како може толку пизма кон свој народ да се има јас не разбрам…од двете страни“, коментира еден граѓанин.Героски, очигледно изреволтиран и нервозен од последната колумна на уредникот на телевизија Сител, Драган Павловиќ – Латас, на својот Фејсбук

Пронајдете не на следниве мрежи: