Ayten Buyukaydinli (45) од Газиантеп во Турција се соочила со проблем на дебелеење. Животните проблеми, стресот за само една година, на оваа жена и го претвориле животот во ночна мора. Порано витката Buyukaydinli била тешка дури 145 килограми.Поради тоа ја напуштил сопругот, децата се срамеле од неа, а пријателите ја отфрлиле.
Во разговор со новинарот Anadolu Agency, Buyukaydilnli истакнува дека поради сето тоа паднала во големо животно искушение и почнала со спортски вежби и диета.
– Сопругот ме остави. Имам два сина. Помалиот не сакаше да му одам на родителски состаноци во училиште . Ми викаа дека се срамат од мене бидејќи ничија мајка не е толку дебела. Не можев нормално да се движам. Сите ме отфрлаа. Не можев да најдам облека. Преживував витинска психолошка драма, вели Buyukaydilnli.
Истакна дека поради дебелината имала и големи здравствени проблеми, Buyukaydilnli вели дека го одбила докторот со хируршки зафат да и го намали желудникот и дека верувала дека тој проблем може да го победи спорт и вежби.
„Ми беше доста од се. Удрив со раката на маса, и излегов на улица. Отидов во новоотворениот спортско – рекретивен центар и почнав со вежби и диета“, вели Buyukaydilnli.
Нагласувајќи дека не користела никакви лекови, оваа храбра жена денес има 80 килограми и и се вратила самодовербата и желбата за живот.
„Изгубив доста килограми и вратив во својот живот многу убавина. Сега сум нормален член од друштвото, одам во град, купувам облека и се работам, а притоа никој да не ми се смее. И сопругот сака да се смириме. Децата сега се среќни. “
Со поддршка од децата и поблиските членови од семејството Buyukaydilnli вели дека сака да ја запали цела стара облека, за да може да заборави на лошиот период од нејзиниот живот.
„Некои луѓе подлегнуваат на операции и користат лекови. Мислам дека тоа е голема грешка. Најубава терапија е шетање и диета“, порача Buyukaydilnli која додаде дека сака да достигне до 60 килограми.
Прочитајте за жената која ослабела 70 килограми, но ни на сон не помислила дека ќе и се случи ова со нејзина кожа…Поради тоа ја напуштил сопругот, децата се срамеле од неа, а пријателите ја отфрлиле.
Во разговор со новинарот Anadolu Agency, Buyukaydilnl



