Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева наместо да постапува како обвинител согласно своите овластувања, продолжува да мудрува во јавноста и да глуми не само политичар, туку и историчар. Дополнително, Јанева на политичката прес-конференција директно му се закани на Советот на јавни обвинители и во улога на професор порача дека правната наука можела да учи од неа и СЈО, иако се потешкотии го прочита дури и тоа што беше напишано на листот.Македонското правосудство вчера доживеа досега невиден преседан, сметаат експертите. За прв пат официјален орган во Република Македонија си зеде за право преку Фејсбук да коментира судски одлуки и да им се заканува што пропуштиле, а што не пропуштиле. Јанева покрај во улогата на политичар, се стави и во улога на историчар, мудрувајќи му на Судот дека припуштил да се запише во историјата.
– Кривичниот суд во Скопје засега пропушти да се запише во историјата на Република Македонија. Следуваат жалби!, објавено е на официјалниот профил на СЈО на Катица Јанева на социјалната мрежа Фејсбук.
Поранешниот јавен обвинител Сотир Костов, најавувањето жалба на Фејсбук го оценува како “no comment“. Додава дека докaзите се најбитни за одредување на мерка притвор.
– И тоа пазете, жалбата е најавена на Фејсбук. Без коментар! Уште еднаш ни се случува нешто да се дава квалификатив за Судот. Судот замислете пропуштил шанса да влезе во историјата на Македонија и македонското правосудство, ама ќе влезел така ако постапел по желбата на Катица Јанева да и ја исполни музичката желба да прифати се што таа напишала. Доказите се најбитни за одредување на мерка притвор. Значи, ако Судот цени дека некој ќе избега, дека некој ќе влијае на сведоци, дека некој ќе го повтори делото, ќе примени мерка притвор. Ако оцени дека тоа не е случај, нема да го примени тоа, вели Костов.
Јанева на прес-конференцијата во петокот, на која покрај другото изнесе низа политички квалификации, му се закани на Советот на јавни обвинители. Во својот кус и несигурен настап, Јанева настапи со политички квалификации и го нападна Советот на јавни обвинители, покажувајќи класично непочитување на Уставот и законите на Република Македонија и поставувајќи се над нив и си додели права кои ги нема никој во оваа земја. Во улога на професорка, Јанева дури и рече дека и правната наука имало што да научи од неа.
-И правната наука има што да научи од Специјалното јавно обвинителство. Прво, по итна постапка да се дополни Законот за заштитен сведок од гледиште на потребите на СЈО. Советот на Јавните обвинители на Република Македонија да се придржува стриктно за важечката законска регулатива и целосно да ја почитува автономијата на СЈО, изјави Јанева.
Дека за СЈО е валидно само она што ќе биде испорачано од надвор Јанева потврди и со својата изјава дека ја охрабрувала поддршката од меѓународната заедница, а поддршката била доказ дека борбата не била само нивна.
-Ме охрабрува и подршката на меѓународната заедница. Поддршката е доказ дека нашата борба не е само наша. Секој вид отпор ќе биде нотиран во Извештајот на СЈО, рече Јанева.
Сето ова покажува дека Јанева наместо да постапи како обвинител и да работи согласно овластувањата, таа ги погазува Уставот и законите на Република Македонија, директно напаѓајќи го Советот на јавни обвинители, орган кој е задолжен да врши контрола на нејзината работа.Македонското правосудство вчера доживеа досега невиден преседан, сметаат експертите. За прв пат официјален орган во Република Македонија си зеде за