Велика среда, на денот кога Јуда за 30 сребреници го продал Исус Христос, Македонија и македонските граѓани се запрашуваат за колку македонскиот Јуда, Зоран Заев и неговите 48 предавници ќе ја предадат Македонија. Прифаќајќи ја Албанската платформа, Заев и СДСМ ги уриваат темелите на унитарна Македонија.Дали Зоран Заев и СДСМ пред големиот христијански празник Велигден спремаат големо предавство на македонскиот народ преку отворање на пат за почеток на реализација на прифатената Тиранска платофрма преку која ќе се смени уставното уредување на Република Македонија и државата ќе стане бинационална. И покрај бројните повици, Заев не се откажува од платформата со која се загрозува унитарноста на државата и според експертите е вовед во федерализација и редефинирање на Македонија, а потоа нејзино расцепување.
-Првиот чекор би бил федерализација, наредниот чекор би бил сепарација на, условно кажано, албанскиот дел, а другиот дел како ќе се снајде, тоа е негов проблем. Тие не водат воопшто сметка за интересите на другите, за интересите на оние кои што со векови заедно живееле на овие простори и кои со децении живееле во иста држава, смета универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски.
Со своите постапки, СДСМ и Заев покажуваат дека нема цена која не прифаќаат да ја платат за да дојдат на власт, иако сето она што тие го прифаќаат во Тиранската платформа значи срозување на македонската држава и македонскиот народ. За Заев и СДСМ не се важни повиците на околу 200 илјади граѓани кои секојдневно протестираат низ цела Македонија, од кои има голем дел и измамени гласачи на СДСМ кои гласот секако не го дале за Заев постизборно да спроведува платформа направена во туѓа држава, за туѓи интереси.
Сепак, она што Заев го ветил, а сега мора да го испорача е главната причина зошто тој и СДСМ остануваат глуви на барањата на македонските граѓани. Што Заев ветил и за колку се подготвени тој и неговите пратеници да ја предадат и продадат Македонија засега е нејасно, но кристално јасно е дека таа цена ќе ја плати македонската држава и македонскиот народ, доколку се дозволи спроведување на Тиранската платформа.
Во таа платформа, постојат точки (прифатени од Заев и СДСМ) за кои било кој не ни смее да помисли да преговара, како што е онаа за отворање на дебата за промена на знамето, химната и грбот. Во истата таа платформа, прифатена од СДСМ, се бара македонскиот народ да се прогласи за геноциден, се загрозува македонскиот јазик преку изедначување со друг јазик кој ќе стане официјален и целосно се нарушува македонскиот суверенитет.
Во платформата прифатена од Заев се бара и решавање на спорот со името, “во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“, што во превод значи промена на името на државата по грчки терк. Во точката 5 од платформјата се бара усвојување заедничка и обврзувачка Резолуција во Собранието на Република Македонија со која Владата на Република Македонија се обврзува активно да се вклучи кон решавањето на спорот со името.
Исполнувањето на сето ова, како што стои во платформата, “ќе го деблокира патот на Македонија кон целосна интеграција во НАТО и отворање на преговорите за членство во Европската Унија“. Во Македонија нема на кого не му е јасно дека без промена на името на државата, земјата не може да стане членка на НАТО и не може да се започнат преговори за пристап кон ЕУ. Како Заев ова ќе го исполни ако неговата тиранска влада не го промени името на државата?
Ниту јавноста, ниту граѓаните не знаат што точно се крие во таа Тиранска платформа. Многу експерти и политичари предупредуваат дека сето ова што сега се случува и се реализира од страна на СДСМ покажува дека целта е рушење на уставниот поредок на државата со промена на името и идентитетот. За сето ова антимакедонско сценарио на СДСМ почне со реализација потребен е првично избор на претседател на Собранието, за да може да зпаочне спроведување на платформата.
Токму ова е причината зошто на СДСМ и Заев им се брза изборот на прв човек на Парламентот, па во игра се дури и насилни сценарија за преземање на Законодавниот дом, со цел што е можно побрзо Заев да почне да го отплаќа долгот кој ќе биде со несогледливи последици кон македонската држава. Останува само нејасно за колку македонскиот Јуда, Зоран Заев и неговите 48 предавници ќе ја предадат Македонија?Дали Зоран Заев и СДСМ пред големиот христијански празник Велигден спремаат големо предавство на македонскиот народ преку отворање на пат за почето