За колку пари беше изведен масакрот во Париз?

Терористите кои на петок 13. извршија крвав масакр во Париз, во кој за жал загинаа 129 лица, а повеќе од 350 беа повредени, одлучиле да пролијат крв за малку пари.Според податоците на светските медиуми, за целата акција биле потрошени околу 7.000 евра.
Им требало оружје, муниција, бомби, автомобили, секако и хотелска соба.
Со релативно мал износ за сето ова, тие убија голем број луѓе.
Бомбите кои ги користеле, познати како TATP или Мајка на сатаната, можат да се изработат и од предмети кои ги имаме во домаќинствата, пишува Ројтерс.
Хотелската соба на џихадистите чинела 680 евра, а цената на автомобилите не можела да премине над 595 евра.
Еден калшников може да варира од 300 до 700 евра, а 200 куршуми преку интернет се купуваат за 500 евра.

Пронајдете не на следниве мрежи: