Рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко од вчера е на чело на ФК Вардар.-Она што е интересно е дека за да го добие ФК Вардар, Самсоненко плати само 81.000 евра, колку што чинеа акциите дадени на јавниот повик распишан од Град Скопје, кој имаше 51% и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, кое располагаше со 49% од акциите. Според клаузулата, новиот сопственик ќе мора да вложува најмалку по еден милион евра годишно во клубот. Русинот го купи актуелниот фудбалски шампион преку ракометниот клуб, па така, формално, сопственик на ФК Вардар е РК Вардар, пишува Вечер.
Во јавноста веќе се шпекулира за неколку квалитени ангажмани во таборот на црвено -црните, како во играчкиот, така и во тренерскиот кадар.
Во оптек се неколку имиња за нови играчи, додека како нов тренер се споменува Ѓоко Хаџиевски, кој на клупата на Вардар може да седне уште до крајот на неделава.
Курир-Она што е интересно е дека за да го добие ФК Вардар, Самсоненко плати само 81.000 евра, колку што чинеа акциите дадени на јавниот повик распишан о