За лицемерството на бескрупулозната Шекеринска

Loading...

Го гледав, г-ѓо Шекеринска, Вашето интервју на ТВ „Алсат М“ во полноќните часови на 28 февруари и не можев да поверувам во тоа што го слушам, пишува Михајло Маневски во отвореното писмо кој заменик-претседателката на СДСМ, објавено во Дневник.Од потпретседател на СДСМ и член на преговарачкиот тим, прв пат со широка насмевка на лицето сосема јасно признавте дека во целост сте ја прифатиле платформата на Албанците донесена и потпишана во странска држава, во Тирана, со која се напаѓаат највиталните вредности на државата и се рушат нејзините темели, јазик, унитарност и се загрозува опстанокот на државата, како и дека сте го прифатиле Законот за употреба на албанскиот јазик и ќе се воведе двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Содржината на преговорите, платформата на Албанците и воведувањето двојазичност на целата територија на РМ беше најстрого чувана тајна од страна на СДСМ како да се работи за најголема света тајна, а не за највиталните прашања на државата. Долго време не беа јавно објавени никакви информации од Ваша страна, освен изјавите на портпаролот на ДУИ, кој во една пригода изјави дека од Законот за јазикот не може да се промени ниту една буква. Немало потребна транспарентност, како што изјавувате, поради чувствителноста на прашањата, да не се нанесе штета во преговорите, како и поради тоа што имало членови во ДУИ кои сакале да коалираат со ВМРО-ДПМНЕ и поради тоа сте биле внимателни погрешно да не бидат разбрани вашите изјави. Затоа досега молчевте, а верувам ќе молчите и понатаму с` додека не го подметнете во Собранието, набрзина и шверцерски (ова е ваш израз), со европско знаменце, кое не му следува и во поитна постапка. Вие имавте прв настап како висок претставник на СДСМ за преговорите, по долготраен молк, наспроти основните политички принципи на јавност, транспарентност и одговорност.
Јавно Ве прашувам, г-ѓо Шекеринска, каков образ имате кога ја говорите вистината, а кога најбезобѕирно лажете и манипулирате? Вашето лицемерство, г-ѓо Шекеринска, е бескрупулозно.
Дека ова не се само празни зборови, ќе Ве потсетам на Вашата дискусија и на Вашите лични ставови и ставовите на СДСМ, што ги изнесовте во Собранието на РМ на седницата од 17 јули 2011 година кога се расправаше по предлог законот за изменување на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа, поднесен од група пратеници од пратеничката група на ДУИ, забележана во стенограмот од седницата. Еве што сте говореле тогаш.
Самрак-процедура, брзи, шверцерски и скратени процедуриПо отворањето на општиот претрес, прва за дискусија сте се јавиле Вие, г-ѓо Шекеринска, и во врска со предложениот Закон сте изјавиле, цитирам: „Сакам најпрво да го соопштам ставот на пратеничката група на СДС по Законот за измена на Законот за употреба на јазиците кои го говорат повеќе од 20 % од граѓаните во Република Македонија, нашиот став ќе биде негативен. Ќе гласаме против овој закон од две причини:
Прво, поради тоа што принципиелно не ги подржуваме законите што се носат по, ќе ја наречам, самрак-процедура. Во таа самрак-процедура што ја патентиравте пред неколку години договорот помеѓу сопствениците на двете политички партии од парламентарното мнозинство, нивните лидери, се прави во полноќ, предлог законите се испраќаат до пратениците во 10 минути пред полноќ, се закажуваат седници на комисии и на седниците на Собранието вечерта пред дента кога е тоа закажано и во таква една самрак-процедура двајцата лидери на двете партии од парламентарната коалиција се трудат никој во Македонија да не види што се случува. Во такви брзи, шверцерски, скратени процедури јасно е дека единствените луѓе што нешто губат се граѓаните на Република Македонија. И СДС таквата пракса не ја одобруваше, не ја одобрува и нема да ја одобрува“, затворен цитат.
Е, сега, г-ѓо Шекеринска, да Ве прашам, во каква самрак-процедура и во какви брзи, шверцерски, скратени процедури имате намера да ги донесете Законот за употреба на албанскиот јазик и воведувањето на двојазичноста на целата територија на Македонија и да ја спроведете албанската платформа. Се колнете дека СДСМ таквата пракса не ја одобрувал, не одобрува и нема да ја одобрува. Браво, ако останете на тоа, но ќе видиме, судејќи по тоталната нетранспарентност, се сомневам дека така ќе постапите. Зошто секојдневно го подгревате сомнението во јавноста? Зошто го криете законот за двојазичноста и албанската платформа кои сте ги прифатиле? Зошто не ги објавите? Зошто работите зад грбот на народот и немате храброст да се соочите со него и да му објасните зошто сте ги прифатиле. Се плашите на народот да му ја кажете вистината, но народот не можете да го излажете. Народот го потценивте со тоа што сметате дека вие сте тие што ја држите судбината на народот и судбината на државата во свои раце. Со тоа многу сте се излажале бидејќи народот не можете да го измамите. Дали случајно заборавивте дека суверенитетот извира од народот и му припаѓа на народот.
Почеток на кршењето или ширењето на Рамковниот договорЌе Ве потсетам и на втората причина што сте ја изјавиле зошто ќе гласате против Законот, цитирам:
„Втората причина, како наведувате, г-ѓо Шекеринска, зошто ќе гласаме против ваквиот предложен закон е поради тоа што законот претставува почеток на кршењето или ширењето на Охридскиот рамковен договор и тоа како пракса сметаме дека е опасна, опасна пракса во Македонија што на долг рок негативно ќе се одрази и на меѓуетничките односи, и на демократијата, и на стабилноста на Република Македонија“.
Со оваа Ваша изјава сметате дека предлогот на законот за изменување на Законот за употреба на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните на Република Македонија и во единиците на локалната самоуправа е почеток на кршењето или ширењето на Охридскиот рамковен договор. Сметате дека тоа е опасна пракса во Македонија и опасен преседан кој на долг рок негативно ќе се одрази и на меѓуетничките односи и на демократијата и на стабилноста на Република Македонија. Дали денес сметате дека законот за воведување двојазичност, за кој сте се согласиле, нема лошо да се одрази на меѓуетничките односи и на демократијата и на стабилноста на Република Македонија? На што да ви се верува, на тоа што сте го изјавиле во 2011 година или на она што го работите денес? Понатаму, во Вашата дискусија на седницата на Собранието го аргументирате Вашиот став зошто сметаме дека Законот претставува опасен преседан и кршење на Охридскиот договор, па наведувате, цитирам:
„Ова е тестот на Охридскиот договор, за него се дебатира многу време, за него навистина потрошивме часови и денови, не само да го преговараме, туку и точка по точка, параграф по параграф да го имплементираме.
Во овој Охридски договор и зад него стојат потписите на најголемите политички партии. Партиите што денеска го прават парламентарното мнозинство во Република Македонија излегоа на избори и ветија дека ќе се борат за одбрана, зачувување и спроведување на Охридскиот договор. Денеска сакам да ви соопштам дека и ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ја напуштија рамката и почнаа со процесот на ширење и растегнување на Охридскиот договор, на кој процес не знаеме кој ќе му стави точка“.
Госпоѓа Шекеринска натаму продолжува:
„Верувајте, 10 дена и два прекина на преговорите се случуваа токму на оваа точка (за употреба на јазикот). И затоа не е во ред во 10 до 12 на полноќ, зад затворени врати, скриени од јавноста, Груевски и Ахмети на мала врата да ни потурнуваат кршење на еден од најтешките делови на Охридскиот договор, за што најмногу се расправавме, за што потрошивме најмногу енергија, каде што имавме најголеми разлики. Kолеги, еве го членот 8 од Рамковниот договор, еве ја точката што ја регулира употребата на јазиците, одговорно тврдам, вчера никој тоа не го проблематизира, дека со ова почнува кршењето на Охридскиот договор“.
Дали, г-ѓо Шекеринска, и денес сметате дека Законот за употреба на албанскиот јазик, со кој се предвидува воведување двојазичност на целата територија на државата, не е во согласност со Рамковниот договор, како што сте изјавиле на 17 јули 2011 година за истиот тој закон? Дали сега сметате дека овој Закон не е опасен преседан и кршење на Охридскиот договор? Дали денес сакате на мала врата да потурнете кршење на еден од најтешките делови на Охридскиот договор, како што самите наведувате? Од кои причини целосно го променивте Вашиот став и ставот на СДСМ и постапувате сосема спротивно од аргументите што сте ги изнеле во 2011 година за истата тема.
Kукавичка политика и велепредавствоВо Вашата дискусија на седницата на Собранието изјавивте дека, цитирам: „Kукавичката политика продолжува, како што се случуваше со Kосово, како што се случуваше со претходните закони од имплементација на Рамковниот договор и денеска главниот пазарџија го нема“.
Kој води кукавичка политика, г-ѓо Шекеринска? Kукавичлук е народот да го потцениш и да го оставиш долго време во една крајна неизвесност и да манипулираш со неговите чувства и неговите елементарни права да биде информиран за тоа кој и како му ја крои неговата судбина и кој ги крши неговите елементарни права. Наведувате дека до 2006 година, кога постоела коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, сте поддржале и имплементирале решенија кои значеле можност пратениците да зборуваат на албански, ама министрите да не зборуваат на албански. Се обративте до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека чекате да Ве обвинат за велепредавство. За што се работи денес, г-ѓо Шекеринска?
Одите уште понатаму во Вашите аргументи и наведувате: „Лицитирањето со употребата на јазикот и другите меѓуетнички теми од денес натаму ќе се интензивира и сите ние ќе немаме на што да се повикаме бидејќи Охридскиот рамковен договор со вака елегантното заобиколување на неговиот текст е напуштен. Денеска тие тогашни бранители на македонскиот јазик ќе починат чин со кој Охридскиот договор заминува во историјата“ – затворен цитат.
Ако е така како што наведувате во Вашата изјава, Ве прашувам како сега воскресна и како повторно се врати од историјата Рамковниот договор и како сега законот со кој се воведува двојазичност на целата територија на Македонија е во согласност со тој договор и во согласност со Уставот на РМ? Со леснотија и без никакви аргументи се обидувате да прикажете дека спроведувањето на тиранската платформа и на законот за двојазичноста е во рамките на Уставот и дека нема потреба Уставот да се менува! Уставните норми грубо ги кршите и ги заобиколувате затоа што немате потребно мнозинство да го смените Уставот и сметате дека со лагите и манипулациите ќе излезете од една безизлезна состојба. Многу се лажете ако мислите дека сето ова што се чини е во рамките на Уставот. Да беше така, немаше да го криете законот како змијата нозете. Kога се носеше законот во 2011 година, од петни жили и со сите средства настојувавте да не се донесе, што не би можело да се каже дека така постапувате и денес кога ги ставате во залог виталните интереси на државата. Сметате дека сега се сменија состојбите и застанавте на другата страна на барикадата и поради тоа за Вас сега с` е уставно и с` е законски, а во 2011 година ништо не беше во согласност со Уставот и ништо не беше во согласност со Рамковниот договор. Kаква зачудувачка трансформација!
Тргнувајќи од сето ова, сакам да Ве прашам, г-ѓо Шекеринска, колку држите до зборот и колку Ви вреди зборот, од денес до утре или го менувате почесто, според условите и интересите. Ако Вашиот интерес да станете министер или висок државен функционер и интересот на Вашата партија е толку голем, зошто тоа го правите за сметка на народот и државата и зошто се коцкате со највиталните државни интереси. С` има граници, г-ѓо Шекеринска, љубовта и омразата, храброста и кукавичлукот, алчноста и суетата, злобата и зависта, ама немаат граници само лагите и глупоста.
Останете со здравје. Срдечен поздрав, Михајло Маневски.Од потпретседател на СДСМ и член на преговарачкиот тим, прв пат со широка насмевка на лицето сосема јасно признавте дека во целост сте ја прифатиле

loading...