За љубителите на турската кујна: Подгответе лахмаџун!

Попознато како турската пица…Состојки:
Фил:
500 гр мелено месо 3 чешниња лук 5 главици кромид 100 мл кечап 100 мл доматен сос или салца 1 китка магданос 2 лажички црвен пипер 3 лажички оригано
Тесто:
500 гр брашно 300 мл вода 2 лажички сол 1/2 лажичка шеќер 5 лажици масло Подготовка: Ситно се сецка кромидот и лукот (може и да се изрендаат за да подобро се измешаат во смесата). Се додаваат во меленото месо, заедно со доматниот сос и салцата (може да се користат и ситно сецкани домати наместо салца). Се додаваат зачините и сето тоа се меси. Се додававаат и две лажици брашно за да смесата биде поцврста. Тестото се замесува слично како за пица и се расукува на тенки округли кори, на кој се премачкува тенок слој од филот. Потоа се пече во рерна на 200 степени, околу 10 минути, додека да зарумени. Одкако ќе се испече, се расекува на четвртинки, одозгора се става ситно сецкана марула или може рендана зелка, морков и сл. зеленкук по избор, се цеди лимон врз сето тоа, се мота во ролат и се јаде во комбинација со ајран (матеница).
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
Фил:
500 гр мелено месо 3 чешниња лук 5 главици кромид 100 мл кечап

Пронајдете не на следниве мрежи: