За малку ќе се задавела пиејќи топло чоколадо и тоа ѝ го спасило животот!

Ема Кери (18) од Велика Британија се заскрнала со топло чоколадо и  толку кашлала, што  родителите се исплашиле дека ќе се задави. Кога сфатиле дека нејзината ќерка не престанува да кашла, ја одвеле во болница, каде докторите откриле дека има крвни згрутчувања во белите дробови од кои би  можела во  секој  момент да умре. Доколку  не се засркнела, веројатно никогаш не би  открила дека во белите дробови има темпирана бомба.
Се се случило  на 21.  aприл кога Ема заедно  со  семејството и пријателите зборувала за работите од детството. Нејзината мајка споменала нешто смешно, што ја натерало Ема да се насмее среде голтка топло чоколадо и почнала да се гуши.
Прво сите мислеле дека Ема само  се засркнала и  не се загрижиле многу, но кога кашлањето  не престанало и после еден час, ја одвеле во болница. Мислеле дека само  го  надразнила грлото, но по низа тестови и соопштиле ужасни  вести. Поради  контрацептивните пилули кои почнала да ги пие пред само  неколку недели и  се створиле крвави  згрутчувања во  десното  белодробно крило.
Доколку  не отишла во болница на време, воопшто  не би  дознала дека нешто не е во ред се до моментот  кога би  било предоцна.

 
„Ми  требаше малку  време за да сфатам што  се случува. Бев во шок, не мислев дека такво нешто може да ми  се случи. Секако  дека сум среќна што  ми го открија тоа на време, но пиев пилули само две недели, не можам да верувам дека се развиле толку брзо“, раскажува тинејџерката.

Ема е последна во низата девојки кои ја вознемирија јавноста откако им биле откриени згрутчувања како последица од користење на контрацептивни пилули. Се работи за комбинирана пилула ( содржи прогестерон и естроген) која ја конзумираат  околу милион жени во Британија. Застрашувачката статистика покажува дека овие пилули усмртиле 12 од 10.000 жени кои ги конзумираат, и тоа токму со  создавање на крвни  згрутчувања.Кога сфатиле дека нејзината ќерка не престанува да кашла, ја одвеле во болница, каде докторите откриле дека има крвни згрутчувања во белите дробови

Пронајдете не на следниве мрежи: