За малку ќе умрел од невниманието на докторите: Докторите заборавиле дел од плоча за брусење во образот на пациент!

Докторка на приемното оделение во панчевачката болница не забележала дека дел од плоча за брусење се наоѓа во  образот на Немања Зубиќ. Иако му направиле рендгенска снимка докторите не  се посомневале дека во раната останал тврд предмет, туку само ја исчистиле  и ја сошиле раната.22-годишниот Немања Зубовиќ од Панчево поради еден момент на невнимателност и пропустите на докторите можел да заврши трагично. Тој се повредил по ракувањето со брусалка во гаражата, а во болница не го згрижиле соодветно, па животот му го спасувале докторите во белградскиот Ургентен центар.
Докторка на приемното оделение во панчевачката болница не забележала дека дел од плоча за брусење се наоѓа во  образот на Немања Зубиќ. Иако му направиле рендгенска снимка докторите не  се посомневале дека во раната останал тврд предмет, туку само ја исчистиле  и ја сошиле раната.

Мајката на Немања вели дека никогаш нема да го  заборавои моментот кога  дошле дома.
„Тој лежеше и се превиткуваше од болка. Раната му квавеше и еден час по  шиењето и веднаш се посомневав дека нешто не е во ред. Наутро го одведов на преврска, каде ни рекоа дека сето тоа е нормално за една ваква повреда и да продолжи да лежи дома. Попладне околу 16 часот, поточно 24 часа по повредата, дури тогаш почнаа најголемите тегоби“, вели мајката на Немања.
Кога следниот ден раната нагло почнала да отекува и да се шири толку што  несреќното момче не можело повеќе да ја голта храната, родителите го однеле повторно во болница и барале итен упат за Белград. Немања вели дека патот до Угргентниот центар му се чинел како цела вечност.
„Имав висока температура, не добив никаков лек против болка и во автомобилот додека патувавме кон Белград буквално  удирав со рацете по седиштето, бидејќи не можев да ја издржам болката“, вели Немања.

Во Клиничкиот центар докторите го  оперирале Немања  и од образот  му го извадиле  заборавениот  дел од плочата за брусење. Тие констатирале дека дошол во последен момент, бидејќи можело да дојде до труење на крвта.
Директорот на општата болница во Панчево, Небојша Тасиќ вели дека се уште не добил ниту еден официјален документ за овој случај.
„Доколку  ннавистина е се така како што тврдите вие, случајот заслужува сериозно внимание, и доколку е потребно санкции против  вработените кои  пропуштиле да ја спроведат  својата службена дејност и да ја завршат работата како што треба“, напоменува Небојша Тасиќ.

Родителите на Немања се огорчени  бидејќи кога ги прашале докторите зошто го шијат нивниот син во недоволно осветлена просторија добиле одговор дека навикнале да работат во такви услови.
„Примената на амбулантата е клучно место на кое во следниот период ќе му посветиме големо внимание и сигурно ќе ја реконструираме и прошириме. Приемно-ургентната служба сега има се само не нормални услови за работа“, истакнал директорот Тасиќ.
Немања за сега се чувствува добро,а  неговата мајка Снежана одлучила да поднесе приватна тужба против докторите  кои го лечеле нејзиниот син.22-годишниот Немања Зубовиќ од Панчево поради еден момент на невнимателност и пропустите на докторите можел да заврши трагично. Тој се повредил по

Пронајдете не на следниве мрежи: