За неа, нејзината ќерка е само еден моден додаток!

Делиција Кикулве (29) најмногу ужива во шопинг. Толку многу, што својата ќерка ја нарекла како еден моден бренд. Нејзиното четиримесечно бебе се вика Диор, но тоа не е најчудното во оваа приказна. Делиција својата ќерка ја смета за моден додаток на нејзината облека.Диор, како и нејзината мајка, носи само маркирана гардероба, што не треба да чуди, со оглед на тоа што Делиција не ужива во ништо друго како што ужива во шопингот.„Кога сум во шопинг не размислувам ни за храна ни за пијалоци. Шопингот за мене е исполнување на сите соништа“, вели мајката на малата Диор.
Делиција верува дека нејзината ќерка секогаш мора да изгледа добро, затоа што добриот изглед „отвара многу врати во животот“. Токму затоа, оваа мајка не брои колку троши на својата ќерка.

 
Особено и` се допаѓаат споредбите со популарната старлета која ја копира дури и кога станува збор за стилот на Норт Вест: „Тешко дека ќе најдете ден кога не изгледам добро. Јас сум како славна личност која не е позната. Често ме споредуваат со Ким Кардашијан, особено кога имав темна коса. Ким е извонредна, па така тоа е голем комплимент“, рекла Делиција во емисијата „Blinging Up Baby“ која се емитува на Channel 5.

Делиција била модел и се појавувала во музички спотови пред да го запознае својот сегашен сопруг Кен. Пред пет години одлучила да ја напушти таа работа, да се посвети на семејството и да стане христијанка. Таа вели дека оттогаш дава се` од себе за да биде добра христијанка, а само за заминување во црква се подготвувала повеќе од два часа.

 
„Мислам дека треба да изгледам најдобро што можам пред Бог“, вели Делиција.
Иако се откажала од својата кариера, Делиција сака нејзината ќерка да се занимава со мода. Дури и сега се обидува да ја воведе својата четиримесечна ќерка во светот на модата и се надева дека Диор ќе биде модел за деца. Лондонската Ким Кардашијан вели дека животот е премногу краток за да носите досадна облека и така ја воспитува својата ќерка.Диор, како и нејзината мајка, носи само маркирана гардероба, што не треба да чуди, со оглед на тоа што Делиција не ужива во ништо друго како што уж

Пронајдете не на следниве мрежи: