Овие три Хороскопски знаци ќе имаат вистинска турбуленција во месецот кој следува.СкорпијаРетроградниот Марс, владетелот на знакот веќе некое време врши притисок и бара да се редфинираат голем број на односи меѓу кои и оние на работен план. Сепак не менувајте ништо додека не почне да се движи директно од 1-ви јули. Ни по самото свртување не би требало да ги форсирате нештата туку да дозволите самите настани да се наместат па дури потоа да повлекувате потези. Важно е околу вас да имате група соработници на кои можете да им верувате, затоа што комбинацијата од различните стратегии носи позитивни резултати, посебно кога сте под вакви аспекти. Во финансиска смисла, и покрај ваквата состојба на владејачката планета ќе бидете во позиција да ја зголемите вашата заработка и успешно да решите некои имотни или инвестициски прашања. Во периодот до 12-ти јули со влегувањето на Венера во вашето поле на кариерата и со отпочнување на тригонот со Сатурн во полето на парите, ситуацијата значително ќе се подобри. Од 13-ти јули со влегувањето на Меркур настаните ќе се умножат и ќе се стекнат услови за постигнување договори.
ЛавМошне сте креативни, имате прекрасни идеи и прилика да ги докажете вашите професионални способности во друштвото на соработниците. Освен тоа, планетите ви се наклонети па од 12-ти јули правете планови, а од наведениот датум почнете да ги реализирате. Слободно растргнете се на повеќе страни, затоа што во наведениот период Венера, а потоа и Меркур со влегувањето во вашиот знак потенцираат голем број прилики, идеи и договори и се останато што ќе го направи вашиот работен живот побогат и подобар. Условите во кои што се наоѓате делуваат променливо, но тоа нема да ве оневозможи да остварите позитивни резултати. Прашањето за работната организација и довербата во одредени соработници ќе бара од вас добро да размислите пред да се одлучите на конкретните одговори или за крајниот избор. Немојте да дозволувате да ве вознемируваат некои споредни настани, да се концентрирате на вашите цели и активно да ги следите новите настани. Покажете добра волја и подготвеност на различни промени и на усовршување.
ЈарецПериодот почна со фаза на полна Месечина во вашиот знак, што е јасен сигнал дека сте склони на исправување Криви Дрини отколку на сериозни работни обврски. Со оглед на тоа што овој аспект е незгоден на односите со околината, советот е пред да почнете да ги критикувате другите прво треба да „изброите до десет“, иако ниту до триесет нема да штети. Поважно од се е јасно да ги дефинирате вашите бизнис и финансиски цели во консултација со доверливите соработници. Неопходна ви е поддршка за да ги постигнете своите цели, и бидете толерантни кон луѓето од вашето опкружување. Меркур дополнително ја комплицира ситуацијата со влегувањето во областа на јавните настапи и директната конфронтација, на 30-ти јули. Можно е вашата работа и резултатите на некој начин да бидат под контрола на животната средина. Ќе имате чувство дека некој постојано го оценува она што вие го правите. Особено е лошо време за сите припадници на знакот роден кон крајот на декември, бидејќи освен со личните конфликти може да се соочи со турбулентна внатрешна криза.СкорпијаРетроградниот Марс, владетелот на знакот веќе некое време врши притисок и бара да се редфинираат голем број на однос